15 49.0138 8.38624 arrow 0 arrow 1 4000 1 0 horizontal https://popup.mk 300 true 4000
За својата инсталација „Клучот во раката“ („The Key In The Hand“) на Венециското биенале во 2015 година, Чихару Шиота го наполни јапонскиот павилјон со лавиринтска мрежа од црвено предиво, од подот па до врвот. 55 илјади клучеви собирани од сопственици на домови ширум светот висеа закачени како презреани плодови подготвени да паднат во секој момент.…
Почнувајќи од 1999 година па сè до денес, Пабло Амарго и покрај тоа што смета дека не е добар пример за самопромоција (со оглед на тоа дека единствена алатка што му служи за тоа е неговата веб-страница), сепак повеќе од 30 награди и признанија укажуваат дека станува збор за исклучителен уметник, кој е светски познат.…
Во изминативе две недели, во слободното време и во паузите меѓу работните обврски и настаните со кои беше преплавено Скопје, Офејгур Сигурдсон ме поведе на необично книжевно патувањe до вулканските предели на јужен Исланд. Очекувајќи го неговото гостување на Фестивалот на европската литература Bookstar, книгата „Сага за Јон“ во издание на издавачката куќа „Aнтолог“ ми…
„Збогати се преку ноќ!“ – слоганот со кој почнува и се случува ова 17-то издание на „Синедејс“, е неминовна вистина. Не сакам ни да преувеличувам ни да фаворизирам. Од година во година „Синедејс“ нуди богата филмска програма, па музичка програма, стручни, едукативни предавања и обуки како и убава шанса за промоција и дистрибуција на филмските…
Новосадскиот дизајнер Марко Ољача ќе биде еден од учесниците во изложбениот дел на осмото издание на Skopje Design Week. За себе вели дека е главно фокусиран на дизајнот на производи, а има освоено и неколку регионални награди. Меѓу нив значајно е да се спомне дека на фестивалот „Миксер“ освоил четири награди за два производа во…
Со прогласувањето на наградените филмови и премиерата на филмот „Еј!“ на Васил Христов, во киното „Милениум“, вчеравечер беше затворен 17-тиот Меѓународен фестивал за европски филм „Синедејс“ (Cinedays). Со задоволство ја спуштаме завесата на годинешниов „Синедејс“, за првпат како фестивал со акредитација од Меѓународната федерација на асоцијации на филмски продуценти (FIAPF), со која застануваме рамо до…
„Везилке, кажи како да се роди / проста и строга македонска песна / од ова срце што со себе води / разговор ноќен во тревога бесна?…“ Овие стихови не се од најновиот филм на „Студена војна“ (Zimna wojna/Cold war) на Павел Павликовски (Paweł Pawlikowski), полски режисер со престој на лондонска адреса во последниве децении. Иако…
Периоди од животите на три различни личности се измешани во најновиот проект на уметникот Дарко Алексовски наречен „Present Past Perfect / Сегашно минато несвршено“, замислен да го комуницира градењето на свеста на една личност и супстратот на нејзиниот емоционален живот што често бега од досегот на зборовите. Во досегашното уметничко портфолио на Дарко Алексовски можат…