Главните ликови Поп и Маре ги среќаваме дваесет години подоцна. Поп (Сергеј Трифуновиќ) и понатаму сонува за успешна музичка кариера, иако работата му се сведува на тезги повеќе отколку што било друго, додека Маре заработува така што доставува наргиле во текот на ноќта.
Пресвртот во нивниот живот настанува кога познат музички продуцент од српската дијаспора во Цирих (Никола Ѓуричко), кој е и нивен стар школски другар, вклучува дел од нивна прастара песна во песна на нова и перспективна млада пејачка. Нејзината песна станува хит речиси преку ноќ, додека тие се подготвуваат да одат на годишнина од матура во Виена, која ја организира истиот овој школски другар и на која единствено тие двајца не се поканети.
Раша Андриќ, режисер на овој филм што имаше култни фанови во периодот кога беше издаден, во интервју за Би-би-си на српски јазик вели дека често добива коментари од личности во своите дваесетти години дека го гледале неколкупати и го обожаваат филмот, иако биле бебиња во годината на неговото издавање.
Популарната песна од првиот филм „Муње!“
Тој додава дека денешната младина се разликува од своите предци по тоа што е ориентирана кон постигнување на своите цели, за разлика од генерациите што им претходат за кои патот до целта бил поинтересен отколку постигнувањето на самата цел. Темите на продолжението се токму ова – фокусираноста и упорноста во остварувањето на сопствените соништа.
Андриќ вели дека, пред сè, се труди да направи филм што ќе му биде забавен нему и дека можеме да очекуваме „налудничав и бизарен хумор, кој како и во ‘Муње!’ нема да биде класичен хумор, туку ќе биде искрен“.
„Муње: опет“ се очекува да биде достапен во кината во февруари 2023 година.
Фотографии: TV Novosti