15 49.0138 8.38624 arrow 0 arrow 1 4000 1 0 horizontal https://popup.mk 300 true 4000
Вера ја запознавме преку Daisty Family Rescue. Сигурно сте слушнале за нивната уникатна и интресена приказна што започнала кога ја нашле болната и изнемоштена Дејзи, и ја претвориле во среќно и здраво куче кое сега е вдомено во прекрасна фамилија.
Восочните обвивки за чување храна не се новина во светот, но во последно време, во Македонија будат голем интерес поради сè посилната потреба да живееме во почисти градови, со почист воздух и поздрава околина. Доколку сакате да си носите храна на факултет или на работа, прочитајте повеќе за начинот на изработка на овие симпатични и практични обвивки, како и за нивната намена.
Филмскиот фестивал Скопје Синема Сити му врачи награда за животно дело на познатиот американски композитор Филип Глас за достигнувања во музиката и филмот. Ова е традиционална награда која фестивалот ја доделува од самиот почеток кога таа награда му ја додели на Дејвид Боуви во 2015 г.  
Ако не можат да ја раскажат, тоа не значи дека животните немаат своја приказна. Новиот сегмент на PopUp кој им дава глас и персоналитет на милениците не е обмислен да изгледа како басна од Езоп преку која на преносен начин ќе упатиме некаква порака што треба да стигне до луѓето.
Kраткометражниот игран филм „Налепница“, по сценарио и режија на Георги М. Унковски влезе во официјалната селекција на најновото издание на најголемиот фестивал за независен филм во САД, Sundance. Sundance 2020 ќе се одржи во периодот од 23 јануари до 2 февруари 2020, а „Налепница“ е дел од селекцијата Меѓународни кратки играни филмови и ќе биде прикажуван на 24, 28 и 30 јануари во Парк Сити и на 25 јануари во Солт Лејк Сити, Јута.
Јана Ацевска e графичка дизајнерка која започнала да дизајнира накит како начин да се ослободи од стресот од нејзината тогашна работа, и многу скоро ова хоби го претворила во кариера. Во 2005 го основала своето студио КАПКА и оттогаш учествувала на многубројни саеми и изложби во Скопје, Белград, Софија, Стокхолм, Берн, Цирих, Виена, Букурешт, Порто.
Документарецот „Медена земја“ го продолжува својот успешен пат со уште неколку награди и номинации на престижни филмски манифестации. Најнова во низата признанија е наградата за најдобар документарен филм за 2019 година што ја доделува Друштвото на њујоршки филмски критичари (New York Film Critics Circle (NYFCC)). Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на гала вечер на 7 јануари 2020 во Њујорк.
Во рамките на придружната програма на фестивалот Синедејс се одржа промоција на оригинална книга - „Long play – zabeleske u vremenu“ на белградскиот фотограф и дизајнер Борислав Пешиќ Благоја. Книгата е фотомонографија, во која 333 музичари од регионот се застапени со по 4 фотографии или вкупно 1.332 фотографии.
Секоја година, некаде кон средината на октомври, во Амстердам се одржува петдневната конференција за електронска музика и фестивал Amsterdam Dance Event (ADE). Пет дена и ноќи Амстердам живее преплавен со електронска музика. Овој настан го организира The Amsterdam Dance Event Foundation и нуди целосна програма со дневни конференции во ADE Pro, ADE Tech, HDE, ADE University, ADE Next, ADE Beamlab и ADE Green, заедно со ноќниот ADE Festival.