Оваа песна ја напишав пред две години. Не можев да продолжам да работам на другите песни кои ми беа испратени од бендот. Немав никаква желба да се занимавам со музика. Не сакав да дојдам ни на последниот концерт, но ми кажаа дека било важно да бидеш помеѓу луѓе што ти значат и ги сакаш и тоа го направив. Во тие моменти бендот и публиката што беше таму ми залепи два врели шамари.
Не бев расположен за никакви прослави, концерти, промоции иако бендот имаше многу материјал. Во главата ми се вртеа само овие рифови и зборови како мантра.
Ги испратив на бендот и по долга заедничка работа конечно ја спремивме оваа песна.
Се надевам исто ќе ви значи и на вас колку и на мене!
Со почит,
Иловски Ѓорѓи
Песната е снимена, миксана и мастерирана од Горан Ристевски, Мартин Николовски, Фредерико Армада Студио Лисабон
Адаптацијата на дизајнот е направена во колаборација со Филип Тасевски Фиц и Васил Васев Вассе, наши долгогодишни соработници
За лирик видеото и анимацијата е задолжен Димитрија Поповски.
Љубов и Почит од вашите SMUT