15 49.0138 8.38624 arrow 0 arrow 1 4000 1 0 horizontal https://popup.mk 300 true 4000
Во 1958 година, бугарскиот артист Христо Владимиров Јавaшев, попознат како Кристо, се преселил во Париз и ја запознал Жан-Клод, Французинка родена во Мароко, која студирала филозофија на Универзитетот во Тунис. Овој неверојатен пар дели ист роденден – 13 јуни 1935, а судбински биле поврзани сè до смртта на Жан-Клод во 2009 година, цело време работејќи…
Од 25 до 27 јуни, Загреб пулсираше во ритамот на фестивалот INmusic. Тринаесеттото по ред издание на фестивалот, кој, освен првата година (2006) кога се одржал на Шалата,  секоја година се одржува на градското езеро Јарун, на Островот на младоста.
Велосипедските патеки Vision E3 во Берлин Берлин годинава гради две велосипедски патеки над нивото на улиците. Патеките ќе бидат покриени, со цел да се регулира внатрешната температура и светлината (со помош на соларни панели на покривот) за да се подобрат условите за возење. На целата површина ќе се распоредат повеќе пунктови за изнајмување велосипеди за…
Зелениот бран на PopUp Music во петокот  ja имаше првата попатна станица пред своето летно патување низ Македонија. Радио Бар ги собра најголемите скопски фанови на светски познатиот Gramophonedzie и беше почетна точка од неговата македонска мини-турнеја.
Извонредниот придонес во архитектурата на британската архитектка со иранско потекло Заха Хадид, продолжува да биде инспирација за професијата. Нејзините динамични и иновативни проекти во текот на триесетгодишното револуционерно истражување во меѓусебно поврзаните полиња на урбанизмот, архитектурата, дизајнот и модата придонесоа таа да биде носителка на наградата Прицкер, која е еквивалент на Нобеловата награда во нејзината…
Ова лето PopUp Music ја носи зелената журка во четири градови низ Македонија. Следните две недели, Скопје, Битола, Струмица и Куманово ќе ја имаат шансата лудо да се забавуваат со мегапопуларниот Gramophonedzie aka Marko Milićević. Од 2015 година, овој диџеј стои зад дискографска куќа Gramo Recordings, а неговата продукциска кариера започнува пред десетина години кога…
Биенале е сенешто што се случува со двегодишна фреквенција. Венециското биенале е најголемата меѓународна изложба за уметност и за архитектура. Секоја непарна година уметност, секоја парна архитектура. Започнува во 1895 година како алтернатива на светската изложба, денешно Експо, која тогаш била претежно наменета за промоција на технолошките иновации во периодот на индустриската револуција, но Италијанците,…
Авторот на овој разговор веројатно ја споделува истата возбуда со целата екипа на кумановскиот театар што во изминатиов период под водство на режисерот Милош Б. Андоновски работеше на претставата „Физика на тагата“, според истоимениот роман на бугарскиот поет и писател Георги Господинов. Исклучително голем е предизвикот да се постави Господинов на театарската сцена, пред сè…
Angel Anx од Словенија го најавивме како „добрата вест“за сите оние што се во потрага по квалитетна електронска музика. И добивме одличен фидбек oд сите што сакаат да слушаат добри вести. Во очекување на следното диџејско име и парти-дестинација, еве ги фотките од петочното журкање: