PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Македонско „Скудето“ со дијамантски сјај

PopUp by PopUp
мај 11, 2023
in Спорт
0
Македонско „Скудето“ со дијамантски сјај
406
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Наполи ја освои шампионската титула во италијанската Серија А по долга пауза од дури 33 години, а суперталентираниот репрезентативец на Македонија, Елиф Елмас е значајна алка од екипата на „сините“. Исто така, 23 годишниот фудбалер е само вториот Македонец во историјата кој успеал да го освои „Скудетото“ по легендарниот Горан Пандев со Интер во 2010 година.

Версатилниот плејмејкер е незаменлив „џокер“ на тренерот Лучијано Спалети и тој досега забележа 44 настапи во сите натпреварувања оваа сезона, а Елмас доби и громогласни овации од страствените навивачи на Наполи при пречекот на шампионите на домашниот стадион. Дополнително, секој од фудбалерите доби специјално изработен дрес во ограничена верзија од клубот во чест за освојувањето на титулата.

Eljif Elmas 🇲🇰

#7#NAPOLISCUDETTO pic.twitter.com/ZLGgMoiG6f

— Lega Serie A (@SerieA_EN) May 7, 2023

Иако Наполи треба да одигра уште четири натпревари до официјалната церемонија за доделување на „Скудетото“ и крајот на сезоната, лудата забава во градот започна веднаш откако наполитанците математички ја обезбедија титулата по ремито со Удинезе.

Далекосежниот талент и потенцијал на Елмас сезонава му помогна да се запише со златни букви во историјата на Наполи, а знаејќи ги големите амбиции на младото и скромно момче од Бутел, ова е само почетокот. За крај, квалитетните перформанси на Елиф не останаа незабележани од останатите гиганти ширум Европа и голем број на екипи веќе пројавија интерес за неговите услуги во пресрет на летниот преоден рок, но тој сега има премиум односно шампионска цена.

Филип Мишов

Previous Post

Оваа сабота „ДВИЖЕЊЕ004“ во Минус Еден ⚡

Next Post

Како звучеше шестото издание на Jazz Factory фестивалот во Битола?

Next Post
Како звучеше шестото издание на Jazz Factory фестивалот во Битола?

Како звучеше шестото издание на Jazz Factory фестивалот во Битола?

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum