Истоименото ЕР содржи четири песни:
- Спротивниот Крај
- Јазикот сив
- Иста доза
- Нема да се повтори
Снимено е во 2023 во Алшар Студио, а микс и мастер е направен од Раде Биковски.
ХАRAKIRI е ново македонско трио што својот компромис го најде во моќните и fuzzy гитарски рифови, строгите грувови и осетливите вокали. Грубо кажано тие свират alternative rock, но го туркаат истиот до границите и пробуваат да му го скинат хименот.
После турнеја со Луфтанза низ повеќе градови на Балканот, на 20 мај свират во Радост во Битола, а потврден им е и настап на Д Фестивал.