15 49.0138 8.38624 arrow 0 arrow 1 4000 1 0 horizontal https://popup.mk 300 true 4000
Во саботата во Градски парк ги промовираме новите дизајни на limited edition лименката на „Златен Даб“, преку кои уметниците и дизајнерите Владимир Лукаш, Ана Јовановска и Таби Азири ни ги доловија боите на новиот свет без предрасуди и етикети.
„Breakfast Club“ во урбаното јадро на Скопје е базата на колективот „Long Bus“, составен од Иван, Еми и Оливер, кои го ставаат потписот зад бебе-проектот на забавите што тие ги дефинираат како нов здив и свеж пристап во начинот на консумација на ноќниот живот и на музиката. Овде го пијат првото кафе, јадат сендвич, па…
PopUp Music ви најавува уште една одлична журка! На охридската плажа Оревче, на 10 август 2018 ќе ви приредиме уникатен 12-часовен денс-настан, на кој за првпат во Македонија доаѓа проектот Muse на италијанските диџеи Lehar и Мusumeci.
Помина многу време откако пудрата и карминот на некогашните скопски ноќни дами од „Фенерли-ан“, „Венеција“, „Марс“ и „Бела кафеана“ полека беа избришани од тешката рака на стигмата. Многу вода истече низ Вардар и откако познатиот македонски уметник Никола Мартиноски ги насликал ѕидовите на познатата скопска кафеана „Океан“ со композиции на голи мажи и жени, како…
Ова е една од најпознатите американски фотографии од времето на Големата депресија. Мајка загледана во неодредена точка, со рака загрижено потпрена на својата брада, со бебе во рацете и со уште две поголеми деца чии глави се закопани на нејзините рамена. Оваа фотографија е дело на Доротеа Ланг и била дел од иницијативата на американската…
Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ по четврти пат ни ја дава можноста да ѕирнеме во музичките ризници од сите светски меридијани и континенти, и освен нивниот богат звук, да ги слушнеме и нивните приказни.
Тој бил актер и на радио, и на филм, а и на штиците што живот значат. Бил и магионичар што приредувал вариете шоуа за подигнување на моралот на американските војници во Втората светска војна. Но, она по што е најмногу запаметен – тоа е режијата.