PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Што доаѓа на Нетфликс овој месец?

Ако имате пост-одморска депресија бидејќи бевте на одмор во јуни или јули, месецов на Нетфликс доаѓаат неколку работи кои може да направат времето побрзо да ви помине додека повторно да тргнете на возбудливо патување.

PopUp by PopUp
јули 31, 2023
in Филм
0
Што доаѓа на Нетфликс овој месец?
409
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Soulcatcher (2.8.2023)

Возбудливиот трилер, кој ќе биде достапен од 2 август, ја следи приказната за воен градежен работник кој ќе биде најмен да го најде и врати опасното оружје кое има моќ да ги претвори луѓето во подивени убијци. Но, кога неговиот брат ќе стане жртва на оваа направа, тој ќе тргне во потрага по одмазда со цел да ја задоволи правдата.

Poisoned: The Dirty Truth About Your Food (2.8.2023)

Ви го препорачуваме и овој документарен филм кој навлегува во американската индустрија за производство на храна и покажува како таа постојано ги предава своите корисници изложувајќи ги на штетни патогени со фатални последици. Секој кој е заинтересиран за влијанието на храната врз нашето здравје веројатно ќе биде понесен од овој филм.

You Are So Not Invited to My Bat Mitzvah! (25.8.2023)

Оваа комедија ни ветува хумористично патување кое се движи низ динамиката на најдобрите пријатели, ритуалот бат мицва и политиките на младите тинејџери. Фамилијарен филм кој ќе ги забавува сите гледачи, без разлика на нивната возраст. На овој линк можете да погледнете краток клип од филмот.

Choose Love (31.8.2023)

Оваа интерактивна романтична комедија доаѓа на Нетфликс на последниот ден од август. Доколку обично ве нервираат типично деструктувните одлуки на протагонистите на романтичните комедии, кои најчесто се тие кои ја движат приказната, тогаш можеби ќе ви се допадне овој филм во кој ќе можете да одберете како да постапат ликовите во одредени ситуации. За овој филм сѐ уште нема трејлер или видео исечок, така што ќе мора да почекаме уште некое време за да видиме како ќе изгледа оваа интерактивна романтична комедија!

Previous Post

Нов спот на групата „Баклава“ за нивната песна „Кеј“!

Next Post

#Мемеар бр. 4 : Типичен лав

Next Post
#Мемеар бр. 4 : Типичен лав

#Мемеар бр. 4 : Типичен лав

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum