15 49.0138 8.38624 arrow 0 arrow 1 4000 1 0 horizontal https://popup.mk 300 true 4000
Од наш агол, на изложбата „Од мој агол“ видовме само љубов, надеж и прифаќање што ги отвораат душите и ги топлат срцата. Изложбата „Од мој агол“, која е поставена во Чифте амам и е во организација на Националната галерија на Македонија, претставува дел од проектот „Уметност за сите“, поддржан од Холандската амбасада во Република Македонија.
National Geographic предупредува за уништувачките ефекти на пластиката врз планетата Земја со многу остроумна насловна страница за своето јунско издание. Сликата на насловната страница прикажува ледена карпа во форма на пластична ќеса под океанската површина. Повеќе од 8 милиони тони пластика секоја година завршуваат во океанот, а тие се, според англискиот израз „just the tip…
„The Fat of the Land“ е третиот по ред студиски албум на една од најпознатите британски денс електронски музички групи „Продиџи“, кој годинава прави 21 година од издавањето. Името на албумот доаѓа од една стара англиска фраза: „Living off the fat of the land“, или во превод: Да се живее добро и богато.
Лазар Симеонов е документарен фотограф, роден во Скопје, кој од осумгодишна возраст живее во Швајцарија, а последнава деценија ја следи номадската патека на фотографијата, неуморно барајќи ја вистината низ објективот во Палестина, Курдистан, Јужен Судан, Бангладеш, Мјанмар, Македонија…
PopUp Music во саботата ја преплави „Јавна соба“. Mораме да признаеме дека скопските журкачи одлично го фатија бранот. Овој пат уживавме во house звуците на одличниот Dj Rescobar од Белград! Не ви беше доволно? Следуваат нови изненадувања од PopUp Music.
Замислете островче среде градот, на кое може да се стапне само ако претходно ги фрлите разликите, предрасудите и стереотипите со кои ве натоварило општеството. Сега замислете дека на тоа островче сите се еднакви, се смеат и разговараат само со говорот на телата. И притоа совршено се разбираат.
Во светлото на историската женска доминација во фестивалското жири, прашањата за родовата рамноправност во филмската индустрија и режисерите дисиденти на кои матичните земји им го оневозможија фестивалското учество, започна 71-то издание на Канскиот филмски фестивал.
Во понеделникот, во Музејот на град Скопје се отвори изложбата „Скопските вертикали“, која што заедно со истоимената публикација претставува резултат од проучувањето на скопските висококатници. Студијата е дело на Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова и Владимир Десков.