PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Светска премиера на документарниот филм „Патување пеш“ на Тамара Котевска во Њујорк

PopUp by PopUp
ноември 1, 2023
in Филм
0
Светска премиера на документарниот филм „Патување пеш“ на Тамара Котевска во Њујорк
403
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Документарниот игран филм „Патување пеш“ (The Walk) во режија на Тамара Котевска ќе ја има својата светска премиера на 9 ноември во Њујорк, на DOC NYC, најголемиот американски фестивал за документарни филмови.

Главен продуцент на филмот „Патување пеш“ е една од најголемите наградувани британски филмски компании со фокус кон документарните филмови, GRAIN MEDIA. Kако македонски копродуцент се јавува ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од македонската Агенцијата за филм.

Како што соопшти ОХО Продукција, филмот го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка, која патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, обидувајќи се да си најде дом. Тоа е филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза која ја следи одисејата на Амал преку два континенти.

Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија се двајцата исклучително талентирани актери кои се дел овој проект, а ја делат истата судбина како огромен број бегалци кои изгубиле се, вклучувајќи ги своите домови и фамилии, но продолжуваат да бараат засолниште.

Во моментов во светот има над 35 милиони бегалци, од кои 14 милиони се деца, а повеќето од нив сирачиња, во чија чест, џиновската кукла Амал активно се движи низ светот со својот патувачки театар.

Филмот се снимаше две години, на територија од повеќе од 10 земји, меѓу Сирија на исток и Обединетото Кралство на запад, како и на бреговите на Јужна Африка.

Во реализацијата на филмот, покрај режисерката Котевска учествуваа и монтажерот Мартин Иванов, кинематограферот Самир Љума и композиторот Дуке Бојаџиев.

Тамара Котевска постигна огромен успех како корежисер на документарниот филм „Медена земја“ во 2019 година, кога филмот доби три награди на култниот американски филмски фестивал „Санденс“, а следната година имаше номинации за Оскар во две категории.

Фотографии: ОХО Продукција

Преземено од MIA.mk

Previous Post

Атиџе од „Медена земја“ гостува во новата епизода на New Balkan Cuisine

Next Post

Светска премиера на „Прошетка“ на Елеонора Венинова на фестивалот во Леувен

Next Post
Светска премиера на „Прошетка“ на Елеонора Венинова на фестивалот во Леувен

Светска премиера на „Прошетка“ на Елеонора Венинова на фестивалот во Леувен

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum