PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

LOM – битолски моден бренд создаден со љубов… и месечева светлина

Пролетта 2019 година на Инстаграм се појави нов профил со необични парчиња облека. Сите зборувавме за „LOM“ штом се појави, а по одредено време веќе и сè почесто забележував парчиња од овој бренд што некој ги носи на себе.

PopUp by PopUp
јануари 20, 2023
in Universes
0
LOM – битолски моден бренд создаден со љубов… и месечева светлина

Фото: Андреј Дојчиновски

499
СПОДЕЛУВАЊА
2.9k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Марта Дојчиновска е модна дизајнерка и костимограф од Битола. Со Марта се познаваме од низ град. Во 2020 година првпат го посетив нејзиното студио. Сè уште добро се сеќавам дека разговаравме за еко френдли бизниси и за тоа како сите треба да се стремиме кон тоа колку што е можно да го редуцираме користењето материјали што ѝ наштетуваат на околината.

Нејзиниот бренд „LOM“ е фокусиран кон креирање квалитетни парчиња облека и модни додатоци. Очигледно е дека секое парче е рачно изработено со огромно внимание за секој детаљ и со многу љубов. Она што игра голема улога за да биде целата приказна успешна се внимателно избраните материјали со висок квалитет. Мене лично многу ми се допаѓа тоа што има голем број унисекс парчиња и гледам дека тоа супер функционира.

Фото: Андреј Дојчиновски

Во разговор со Марта, таа го претстави својот бренд како неконвенционален, создаден за слободни и истражувачки настроени умови, кои сакаат да ја надополнат својата индивидуалност и да уживаат во новите форми и пораки што ги носат парчињата облека и модните додатоци. Креациите претставуваат фузија помеѓу урбано-спортска и современо-елегантна силуета.

Колекциите и самостојните парчиња облека носат имиња што се доста мистични и побудуваат голем интерес. Авторката за себе вели дека е љубител на игра на зборови и сака да создава кованици, кои во себе носат симболика, па така настануваат имињата.

„In the moonlight, in the starlight, in the dark…“ додаваат на темната урбана естетика и фантазија, во која се пронаоѓаат љубителите на овој бренд.

Фото: Андреј Дојчиновски

Уште еден елемент што го прави овој бренд подобар избор за секого е еколошката свесност кај креаторката. Добро се сеќавам на моментот кога го добив дуксерот што го нарачав спакуван во целосно еко пакување, а јас бев бескрајно среќна што овој пат не морам да се објаснувам зошто не сакам кеса. Сите што одлучуваат да купат за себе или да подарат некому парче од овој бренд, не добиваат беспотребно пластична кеса туку пакувања од хартија. Црните „LOM“ хартиени кеси освен тоа што се биоразградливи, изгледаат толку убаво и примамливо што едвај чекаш да ја отвориш и да го најдеш парчето облека заедно со неколку стикери и картичка од брендот. Освен пакувањата, се посветува огромно внимание и при изработката на облеката, секое парче материјал да биде искористено за да не се создава непотребен отпад, а тоа е уште една причина што ги радува и ги освојува купувачите.

Фото: Дино Нечевски

Марта Дојчиновска. Фото: Дино Нечевски

Во јули 2022 година, во фоајето на Центарот за култура во Битола, со четиридневна изложба авторката ни ја претстави својата нова колекција „АЛГА“ во соработка со „Hybrid Minds“ и неколку локални диџеи што настапија со свои сетови.  Просторот во кој се случуваше изложбата, доби еден сосема поинаков изглед. Комбинацијата на природата што беше претставена преку живите растенија и принтовите на парчињата облека, со електронската музика, неон светлата и стрит арт, создадоа една необично фантастична атмосфера, во која имавме време да ги разгледуваме сите нови парчиња од колекцијата и да се забавуваме. Идејата беше да се промовираат локалните артисти, а изложбата во себе носеше силна еко порака, да користиме што е можно повеќе природни материјали и да купуваме парчиња облека што се долготрајни.

Фото: Андреј Дојчиновски

Поради тоа што постојано сме опкружени со странски брендови, многу често тоа е првиот и веројатно најлесниот избор што го правиме, но доколку навистина се интересираме за тоа како едно парче облека настанува, од што е инспириран креаторот и која е неговата идеја, најдобро е да ги разгледаме локалните модни брендови. Како што Марта изјави: „Во море од странски брендови, огромно би било значењето кога би се одлучиле да поддржите македонски дизајн“.

„LOM“ сè уште нема физичка продавница, но можете да ги посетите профилите на Инстаграм и на Фејсбук, потоа многу лесно ќе стапите во директен контакт и ќе имате можност да ја запознаете модната дизајнерка и креаторка, која по ваша мера ќе го изработи вашето идно, омилено парче облека.

Викторија Мачковска

Previous Post

„Mr. Barber“: приказна за успешна берберница во центарот на Скопје

Next Post

Не-толку-патетична плејлиста за преболување на скршено срце

Next Post
Не-толку-патетична плејлиста за преболување на скршено срце

Не-толку-патетична плејлиста за преболување на скршено срце

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum