15 49.0138 8.38624 arrow 0 arrow 1 4000 1 0 horizontal https://popup.mk 300 true 4000
Со 160 изданија зад себе како и огромен број учества во најразлични облици на културни случувања, дискографската куќа ПМГ Рекордингс го одбележува своето дваесетгодишно опстојување и успешно работење во македонскиот културен простор. Јубилејот ќе биде означен на осмото издание на ПМГ Рекордингс фестивал – Сонична младост, на три подиуми за танц, со учество на голем…
Утре (20 септември) во „Јавна соба“ ќе биде поставена годишната завршна изложба на студентите од Академијата за дизајн на Seavus Education and Development Center во соработка со Џолев и Уметностите. Ќе имаме можност да ги видиме делата на студентите што успешно го завршија своето школување на петте насоки што ги нуди оваа академија: графички дизајн,…
За Аи Веивеи се вели дека брзо се претворил во совеста на уметничкиот свет кога станува збор за голготата на раселените лица низ светот. И тој го поминал своето детство во егзил од родниот Пекинг, како резултат на притисокот од власта со кој се соочил неговиот татко – поет. Потоа го искусил и животот на…
По осми пат, фестивалот „Здраво млади“ ќе му подаде сламка за спас на урбаното Скопје, коешто некако секогаш во последен момент успева да исплива на површина среде мочуриштето од кич и невкус, и да го вдише потребниот културен кислород за да продолжи да опстојува. Уште само три дена нè делат од „долгоочекуваната инфузија“ со нова…
Филмскиот осаменик Кјубрик спаѓа во редот на најкреативните режисери визионери на сите времиња, чии филмски остварувања често мешаат политички пораки со сложени врски меѓу ликовите или, пак, застрашувачки хорор-слики, кои оставаат силен уметнички впечаток со својата сирова форма. Роден на Менхетн, а израснат во Бронкс, Кјубрик подоцна во животот ќе ја напушти Америка поради отпорот…
„Солун, град на духови – христијани, муслимани и Евреи 1430 – 1950“ е возбудлива документарно-играна драма, развиена од Русомир Богдановски на основа на хрониката на познатиот историчар и професор Марк Мазовер, за животот и случувањата во градот Солун, во периодот од турското освојување во 1430 година па сè до Холокаустот и депортацијата на 45.000 солунски…
19:30 часот. Скопје си пуштило вечерен августовски туш и ноншалантно си ја измива прашината од своите запурничави летни попладниња. Си мислите: Нема полошо од скопска улица на дожд. Се тешите: Речиси исто како што нема ништо поубаво од чаршиска калдрма после дожд. Стигнуваат нотификации на messenger: Ќе тргнеме ли? Ќе има ли? Кога ќе почне?,…