15 49.0138 8.38624 arrow 0 arrow 1 4000 1 0 horizontal https://popup.mk 300 true 4000
Извонредниот придонес во архитектурата на британската архитектка со иранско потекло Заха Хадид, продолжува да биде инспирација за професијата. Нејзините динамични и иновативни проекти во текот на триесетгодишното револуционерно истражување во меѓусебно поврзаните полиња на урбанизмот, архитектурата, дизајнот и модата придонесоа таа да биде носителка на наградата Прицкер, која е еквивалент на Нобеловата награда во нејзината…
Ова лето PopUp Music ја носи зелената журка во четири градови низ Македонија. Следните две недели, Скопје, Битола, Струмица и Куманово ќе ја имаат шансата лудо да се забавуваат со мегапопуларниот Gramophonedzie aka Marko Milićević. Од 2015 година, овој диџеј стои зад дискографска куќа Gramo Recordings, а неговата продукциска кариера започнува пред десетина години кога…
Биенале е сенешто што се случува со двегодишна фреквенција. Венециското биенале е најголемата меѓународна изложба за уметност и за архитектура. Секоја непарна година уметност, секоја парна архитектура. Започнува во 1895 година како алтернатива на светската изложба, денешно Експо, која тогаш била претежно наменета за промоција на технолошките иновации во периодот на индустриската револуција, но Италијанците,…
Авторот на овој разговор веројатно ја споделува истата возбуда со целата екипа на кумановскиот театар што во изминатиов период под водство на режисерот Милош Б. Андоновски работеше на претставата „Физика на тагата“, според истоимениот роман на бугарскиот поет и писател Георги Господинов. Исклучително голем е предизвикот да се постави Господинов на театарската сцена, пред сè…
Angel Anx од Словенија го најавивме како „добрата вест“за сите оние што се во потрага по квалитетна електронска музика. И добивме одличен фидбек oд сите што сакаат да слушаат добри вести. Во очекување на следното диџејско име и парти-дестинација, еве ги фотките од петочното журкање:
Авторот на документарни филмови и активист за заштита на животната средина Сер Дејвид Атенбороу е неверојатно влијателна личност кога станува збор за зачувувањето на природата. Се верува дека токму тој влијаел врз одлуката на англиската кралица да ја забрани употребата на пластика на сите нејзини имоти. И таа, исто како и целиот свет, била вџашена…
Angel Anx e „добрата вест“ за сите оние што се во потрага по квалитетна електронска музика со cutting edge продукција. Неговиот „Ingredients EP“ лани се вртеше на пребирливото BBC Radio 1, а во април годинава, „Believe EP“ во соработка со Mike Vale за само неколку дена се позиционираше меѓу најдобрите изданија на beatport tech house листата.
Бенџамин Клементајн пораснал во строго католичко семејство. Родителите по потекло од Гана не им дозволувале нему и на неговите браќа и сестри да слушаат поп-музика бидејќи верувале дека ќе ги расипе како личности. Црквата што ја посетувале, била на два чекора од нивниот дом, а свештеникот им бил сосед. Тешко е да се замисли дека…
CASA беше домаќин на петочната PopUp Music забава. Погледнете ги фотките од забавата и очекувајте ја следната локација и следното музичко име за новиот летен музички бран на PopUp Music