Нашата следна неделна објава за #БезОбјаснување е на Денот на вљубените, Св. Валентин.
Без разлика како се чувствувате во врска со овој ден, ние ја користиме секоја можност да ја славиме љубовта! Затоа, би сакале во вторник, да ја исполниме насловната страна на PopUp со љубовни приказни и изјави, без објаснување.
Кога велиме љубов, мислиме на било каква љубов: кон партнери, пријатели, семејство, миленичиња, животот или што/кој и да е! Љубов е љубов, и ние веруваме во неа, без објаснување!
Доколку сакате да се пријавите да учествувате, испратете ни мејл на hello@popup.mk со предмет „Љубов“, најдоцна до понеделник, 13.02.2023 10:00 часот наутро. Мејлот треба да содржи една главна фотографија во висока резолуција и наслов на објавата (кој мора да содржи #БезОбјаснување), како и сѐ останато што сакате да ви помогне во раскажувањето на вашата љубовна приказна. Содржините може да бидат фотографии, цртежи, илустрации, линкови, видео или аудио фајлови (до 5MB), текст и слично. Оставаме на вас и вашата креативност. Приказните може да бидат анонимни, може да бидат со измислени или вистински имиња, важно е само да бидат полни со љубов 🙂
Ќе одбереме пет приказни кои ќе ги објавиме на нашата веб страница и на нашите профили на социјалните мрежи.За инспирација, ѕирнете ги нашите досегашни објави: #БезОбјаснување: Јована Плотникова, #БезОбјаснување: Лука Тошев, #БезОбјаснување: Моника Зафировска, #БезОбјаснување: Радмила Гошевска, #БезОбјаснување: Кирил Донев и #БезОбјаснување: Емилија Наскова. Ако имате прашања, слободно пишете ни мејл или директна порака на Фејсбук или Инстаграм.
Едвај чекаме да ги прочитаме вашите љубовни приказни!