Некои од нас вложуваат многу време во создавање на нашиот јавен имиџ, некои се целосно спонтани во тоа, а другите се некаде помеѓу. Без разлика во која група би се сместиле, сѐ што правиме онлајн е дел од нашата лична приказна.
Но, како би ја раскажал/а твојата приказна без да ја објаснуваш?
Понекогаш сите чувствуваме потреба да ги оправдаме нашите интереси, желби или чувства пред светот. Иако ова е вообичаено за голем дел од нас, ние би сакале да го правиме што помалку од следнава година натаму. Да, знаеме… нова година, нов/а јас е малку истрошено клише. Среќа што тоа воопшто не е нашата поента!
Нова година, ист/а јас – без објаснување!
Доколку не е очигледно, ова не е охрабрување да продолжиме со нашите старти навики кои се штетни за нас и за останатите, или пак да стекнеме нови, туку да престанеме со една конкретна штетна навика.
PopUp го отвара својот дигитален простор кон индивидуи кои одбираат да не се објаснуваат повеќе. Следи нѐ за да дознаеш кога и како ќе можеш да ни се приклучиш!
А во меѓувреме…
Што би кажал/а, сега и овде, кога не би морала да се објаснуваш?
***
Авторка на насловната фотографија е @mami.roll. Нејзините фотографии можете да ги видите овде.