PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Добар ден, мајоре Гагарин!

Ако не го знаете Иван Шопов од град, ќе го запознаете на PopUp. Месецов Иван почнува со пишување колумна за PopUp! Следете нѐ за да не ја пропуштате неговата колумна „Добар ден, мајоре Гагарин!“

PopUp by PopUp
февруари 10, 2023
in Добар ден, мајоре Гагарин!
2
Добар ден, мајоре Гагарин!

© Taudalpoi

422
СПОДЕЛУВАЊА
2.5k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

„Секој не може да биде космонаут. (…) Орбиталните летови и многубројните проучувања на Земјата покажаа дека активноста на космонаутот, како и на пилотот, е поврзана со огромна нервна напнатост и дека бара посебна волја и способност за регулирање на сопствените чувства.“

Ова го сфатиле Јуриј Гагарин и Владимир Лебедев по повеќегодишни проучувања, а го запишале во книгата „Психологија и космос“ објавена 1968 година.

По повеќегодишно живеење на скопската улица „Јуриј Гагарин“, уште како дете сфатив дека не секој може да биде таксист. И не секој таксист може да ја најде улицата „Јуриј Гагарин“. Нервната напнатост, верувам, многу слична на онаа на космонаутите, се забележуваше уште кај диспечерките, а кај возачите беше уште поголема. Каде точно на „Јуриј Гагарин“? Кај кулите? Кај слепиот дел? Кај столпчињата? Кај кои столпчиња? На крајот, херојската мисија некако успешно ќе се завршеше и таксистот ќе се најдеше точно пред мојата зграда, во тоа време без помошта на Google Maps и слични помагала.

Името на улицата на која живеев дваесет и четири години во мене не разбуди желба да станам космонаут (ниту таксист). Но, престојот на „Јуриј Гагарин“ не беше без последици. Најочигледната од нив е еден по малку бизарен ритуал: во кој град и да патувам, секогаш проверувам дали има улица што го носи името на славниот космонаут и задолжително ја посетувам. Што барам таму? Не сум сосема сигурен.

Не сум сигурен ни дека собирањето и раскажувањето приказни можам да го доведам во директна врска со Јуриј Гагарин. Па сепак, додека пишувам, често се фаќам како ја потсвирнувам мелодијата од песната „Добар ден, мајоре Гагарин“. Тешко е да се открие по која орбита кружат приказните, а некогаш е непозната и галаксијата во која ќе завршат.

„И така, со вселената нема шега!“ – ни порачуваат Гагарин и Лебедев.

Како и да е, полетуваме, со мелодијата на Густав Бром во позадина.

Се читаме наскоро на PopUp!

*Извор на насловниот колаж. 

Previous Post

Љубов #БезОбјаснување

Next Post

#БезОбјаснување: Љубов или гравитација?

Next Post
#БезОбјаснување: Љубов или гравитација?

#БезОбјаснување: Љубов или гравитација?

Comments 2

  1. Лиле says:
    8 месеци ago

    Прекрасно! Колумнистот ми ја разбуди љубопитноста… За почеток на Google maps, а во прва прилика и на лице место 😊, ќе ја побарам и посетам улицата “Јуриј Гагарин”.
    Со нетрпение ги чекам колумните кои следат под овој несекојдневен и поттикнувачки наслов.
    Браво PopUp 👍

    Одговори
  2. Lile says:
    7 месеци ago

    Ubavo

    Одговори

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum