Утре, со почеток од 15 часот ќе се одржи базар организиран од Yes for less и REД во соработка со културниот центар ShortBus и новоотворената продавница и работилница гардеробé.
View this post on Instagram
Базарот ќе се одржи на терасата на ShortBus, во периодот од 15 часот до 20:30 часот. Таму ќе можете да најдете разнолика облека, а на базарот може да се пријават и учесници кои би ја продавале нивната облека. За да се пријавите пишете на профилот на red___dd или garderobe_____.
Втор базар пак ќе се одржи на 31 август, на истата локација и со иста програма, а меѓу првиот и вториот базар постојано ќе биде поставена закачалка на гардеробé со облека која ќе се продава по цена од 400 денари.