PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Славењето 10 години „Шарла Рекордс“ продолжува со „Голи Песни“ на Хана Корнети

PopUp by PopUp
август 24, 2023
in Музика
0
Славењето 10 години „Шарла Рекордс“ продолжува со „Голи Песни“ на Хана Корнети
406
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Независниот музички издавач Шарла Рекордс продолжува со одбележување на 10-годишнината од своето постоење со нова концертна промоција во музичкиот бар Ла Кања. Повод за следниот од серијата настани ,,Шарла – 10 лета околу” е неодамна излезениот деби албум на скопската кантавторка Хана Корнети.

Оваа мултиталентирана девојка веќе ѝ е позната на книжевната јавност со својата збирка раскази ,,Млечни заби”, а во музичките води влегува со албумот Голи песни, реализиран за Шарла. Се работи за збирка од осум композиции отсвирени на укулеле и отпеани во современ и автентичен стил со текстови кои го задржуваат вниманието. Голи песни е музички материјал кој освојува на прво слушање, искрен е и непосреден, напишан и изведен во слободен стил и без калкулации со актуелните музички трендови. Снимен е и обработен во тонското студио Кларион, а во неговата реализација како музички соработник и продуцент се појавува Давид Ангелевски.

Концертната промоција на албумот Голи песни на Хана Корнети ќе се случи во сабота 26.08.2023 во специјално адаптираниот амбиент на терасата на барот Ла Кања во Старата скопска чаршија со почеток во 21 часот.

Previous Post

Ова е целосната програма на второто издание на Get EXITed настанот во преубавиот струмички Градски парк!

Next Post

гардеробé х Yes for less: посетете ги на нивниот базар во ShortBus!

Next Post
гардеробé х Yes for less: посетете ги на нивниот базар во ShortBus!

гардеробé х Yes for less: посетете ги на нивниот базар во ShortBus!

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum