PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Europe House Bitola најавува автентична изложба на yugo.logo

PopUp by PopUp
август 31, 2023
in Уметност, Настани
0
Europe House Bitola најавува автентична изложба на yugo.logo
409
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter
Europe House Bitola месец септември го започнува со автентична изложба на графички симболи, која брои дури 460 дела во мал формат.
yugo.logo е проект на младиот графички дизајнер Огнен Ранковиќ, кој вели дека симболите кои ќе ги видиме се создадени пред повеќе од половина век, но стандардите по кои се креирани, концептот и естетиката ги прават безвременски.
Изложбата ќе ја отвори нашиот драг и почитуван професор Костадин Танчев – Динка, кој во својот богат и разновиден творечки опус создава и многу графички симболи кои и ден денес се препознатливи и функционираат во нашата земја. Грбот на Битола е еден од нив.
Проектот yugo.logo има за цел да ги истражи, дигитализира и архивира овие знаци со цел да им послужат како инспирација на новите генерации, а истовремено и да им се даде почит на пионерите на дизајнот на овие простори.
🔹

Приказна за знакот

Графичкиот знак нема оригинал, материјал и големина. Секој еден е оригинал и се изработуваат од секакви материјали и во секакви големини. Знакот е потпис, па затоа авторот не го потпишува. Конструкцијата на знакот е негова графичност со која се овозможува тираж (умножување, зголемување, смалување). Знакот е збиена приказна, понекогаш и неколку различни приказни, кои се сведуваат на еден краток збор. Зборот се претвора во слика која ја читаме со еден поглед: побрзо ја гледаме и запомнуваме отколку што ја разбираме. Знакот е поубавиот дел од приказната. Секој знак е една нова љубов, а за љубовта се сонува и се размислува на јаве, сè се меша и затоа не се знае како настанува знакот. Знакот е лесна мака.
Милош Ќириќ – извадок од книгата „Графичка идентификација“, Белград, 1981 година.
Previous Post

гардеробé х Yes for less: посетете ги на нивниот базар во ShortBus!

Next Post

OVC колектив слави прв роденден во „Зеленика“!

Next Post
OVC колектив слави прв роденден во „Зеленика“!

OVC колектив слави прв роденден во „Зеленика“!

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum