PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Владица Младеновски – Грга за LIVEUROPE

PopUp by PopUp
ноември 25, 2022
in Настани
0
Владица Младеновски – Грга за LIVEUROPE

Владица Младеновски - Грга

440
СПОДЕЛУВАЊА
2.6k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Кои се почетоците на Live Europe? Како настана оваа иницијатива и како стана МКЦ дел од неа?

LIVEUROPE e првата паневропска иницијатива, која ги поддржува напорите на концертните сали во промоцијата на надоаѓачки европски артисти. ЈУ МКЦ е дел од оваа мрежа како полноправен член од 2021 година, а привилегијата да се биде дел од оваа престижна мрежа се должи на посветената работа, ентузијазам, напредно програмско делување и неуморност, со што МКЦ успеа да биде препознаена како клучна локална институција во развојот на европската и светска музичка индустрија.

LIVEUROPE мапа

Какви активности вклучува оваа иницијатива?

Главна активност на оваа иницијатива е претставување и размена на нови европски надоаѓачки бендови (или emerging artists) во концертните сали што се дел од мрежата. Во LIVEUROPE членуваат 22 култни концертни сали како Melkweg (Амстердам), Vega (Копенхаген), AB (Брисел), A38 (Будимпешта). МКЦ Скопје е единствената концертна сала што е дел од оваа мрежа која доаѓа од земја што не е дел од ЕУ.

На кој принцип ја креирате програмата?

Критериумот што стои зад платформата е следен: артистите/бендовите да не творат повеќе од 7 години и да немаат повеќе од 3 изданија. Сите бендови од Европа што влегуваат во критериумите наведени погоре се практично учесници во програмата LIVEUROPE. Останува на самите организатори на програма во овие култни концертни клубови да одберат кои бендови би ги селектирале и со тоа би помогнале во нивното етаблирање на музичката сцена. Македонски артисти што во 2022 година имаа настапи во некои од концертните сали што се членки на LIVEUROPE беа Дина Јашари, 21 век, YOU.

Искрено се надеваме дека бројот на македонски изведувачи што ќе добијат можност да се претстават пред европската публика од година во година ќе расте.

Кого ќе гледаме на следното издание на овој фестивал?

Овој фестивал е „ротирачки“ фестивал и се одржува двапати во годината во различни концертни сали што се дел од платформата. Оваа година, МКЦ ја доби честа за првпат да организира фестивал од ваков вид, дополнително и во рамките на јубилејот што го слави, а тоа е 50 години МКЦ. Фестивалот LIVEUROPE оваа година е дел и од ПИН музичката конференција. Заедно, на 24-ти, 25-ти и на 26 ноември во МКЦ Скопје ќе имаме околу 250 делегати, музички професионалци, концертни организатори, претставници од најголемите европски музички сали, кои заедно со 45 бендови и артисти ќе го направат Скопје музички епицентар на Европа. Влезот е бесплатен, треба само да дојдете и да уживате.

Клелија Живковиќ

Previous Post

Жанин Хериву: за феноменот наречен Жан-Мишел Баскијат

Next Post

Фадо во Битола: Џоана Амендоеира и нејзиниот бенд

Next Post
Фадо во Битола: Џоана Амендоеира и нејзиниот бенд

Фадо во Битола: Џоана Амендоеира и нејзиниот бенд

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum