PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Славиме една деценија од постоењето на независната музичка издавачка куќа „Шарла Рекордс“!

PopUp by PopUp
јуни 23, 2023
in Музика
0
Славиме една деценија од постоењето на независната музичка издавачка куќа „Шарла Рекордс“!
403
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Независната музичка издавачка куќа Шарла Рекордс годинава одбележува 10 години од своето постоење. Со близу 100 изданија позади нас, задоволни повлекуваме црта во издавачката авантура што ја започнавме во една пријатна есенска вечер во 2013 година.

Години на силен ентузијазам, многу страст и без компромиси со основачката идеја да поддржуваме млади автори со храбар и прогресивен музички дух и израз. Токму таа искреност ни се врати со широко регионално признавање, поткрепено со многу позитивни рецензии на разни музички портали и магазини, а наши изданија се завртеа и на некои од најрелевантните светски радио станици кои третираат алтернативна музика.
Тоа се повеќе од доволно причини оваа година да ја поминеме со пригодни настани, концерти и промоции под заедничкото мото: Шарла – 10 лета околу. Во подготовка е книга со текстови посветени на нашите изданија, роденденска компилација, како и многу нови албуми кои ќе ги проследиме
со концертни промоции на различни локации низ Скопје.

Почнуваме овој петок (23.06.2023) во преубавата летна тераса на кафе-книжарницата Буква каде ќе настапи младата и супер талентирана кантавторка Димитра.

Димитра неодамна го издаде својот трет албум за Шарла насловен како ,,Работ на акција” со кој повторно ги освои симпатиите на домашната и регионалната јавност. Се работи за повеќе од достоен наследник на извонредниот Мак мрак од 2020 година, албум со кој Димитра се најде во најтесните избори за албуми на година на регионалните листи оставајќи зад себе некои легендарни имиња на музичката сцена од некогашна Југославија.

Настанот започнува во 21 часот.

Previous Post

Вечерва во „Буква“: Промоција на дигиталната книга „Кон-текстот“

Next Post

Никола Упевче: Со мозаикот „Salmoletnica“(Ohrid trout) се претставив во Нацано

Next Post
Никола Упевче: Со мозаикот „Salmoletnica“(Ohrid trout) се претставив во Нацано

Никола Упевче: Со мозаикот „Salmoletnica“(Ohrid trout) се претставив во Нацано

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum