Младата музичарка, чиј прв албум „Дома“ беше објавен пред една година, веќе го зацврсти нејзиниот статус како свеж и автентичен глас на домашната сцена. Оваа година, таа е добитничка на регионалната наградата „Милан Младеновиќ“ за песната „Дома“. Наградата ја доделува фондацијата Милан Младеновиќ, основана во 2019 година, која цели да го заштити наследството на овој прочуен балкански автор.
При врачувањето на наградата на церемонијата која се одржа на роденденот на Милан Младеновиќ, 21.09.2022 во Белград, Дина се заблагодари за поддршката која ја оваа фондација ја пружа на авторите од регионот, споделувајќи дека минатата година била номинирана со друга песна и добила прекрасни коментари од жири комисијата. Снимката од преносот во живо можете да ја гледате на YouTube каналот на фондацијата:
Изборот за добитник на годинешната награда го направила жири комисијата во состав Миле Кекин (Хрватска), Соња Лончар (Србија), Матјаж Манчек (Словенија), Едо Пловановиќ (Хрватска) и Драгиша Ускоковиќ Чима (Србија).
Ова е четврта година во која се доделува оваа награда. Претходните добитници се Artan Lili за нивната песна „D.E.P.R.A.“ (2019), бендот d.r.a.m. за песната „Daj mi sve” (2020) и Ana & The Changers за песната „Tu“ во 2021.
Прочитајте го интервјуто на Дина со PopUp во 2021 тука, а тука кои се петте песни кои најдобро го отсликуваат нејзиниот вкус за музика.
Сите музичари кои сакаат да конкурираат за оваа награда во иднина, можат да го сторат тоа преку конкурсот чие отворање фондацијата го најавува преку нивната веб страница и профили на социјалните мрежи.
Насловната фотографија е преземена од Zadužbina Milana Mladenovića /Jadranka Ilić.