Сон
Кога животот ќе пламне в сон
И љубовта вџашена ќе не обземе,
Сал ноќта ќе ја имаме ние
Како мечта која талка
По булеварите на умот
Како сон кој вреди да се живее,
Бар за мигов,
Бар за сонов…
Разбуди ме ти мрачна долино
Разбуди ме ти нема празнино
Разбуди ме за да не морам да сонувам,
За да не морам да мечтаам,
За да станам и да талкам
по булеварите како мечтата
која танцува толку слободно…