Во 2023 година, во секоја секунда се прават 54.400 фотографии, 196 милиони на час, 1,72 трилиони годишно. Светот е преплавен од слики… а повеќето се неиспланирани чкрапања со телефонот што ќе останат во галерија да собираат дигитална прашина.
Стигна време да сите имаме фотоапарат полн со меморија во нашиот џеб спремен да слика храна, бебиња и зајдисонциња. Но како може да придонесеме со тоа? Дали се документира нешто што вреди да остани во светот или се 10 слики од маса на која има макијато и малборо тач цигари (#Saturday)? ФИЛМ не трошиш на таков спомен. Филмот ме научи да штедам на слики, и повеќе да ги вреднувам без разлика дали сликам со телефонот, дигитален апарат или аналогна камера.
Филмот не е толку скап колку што е скапа секундата, за која имаш само една шанса да ја запреш и да стои таму на 35 милиметарска ролна филм. Јас се водам според таја филозофија, дека секој од тие 36 кадри што ги има во една ролна се 36 шанси да зачуваш нешто и треба да бидат искористени за автентичен момент, споделено искуство или едноставно убава глетка. Многу нормално некои од сликите не испаѓаат како што ги замислував, но точно знам зошто сум го стиснал копчето во таа секунда како се чувствував и што сакав да закекогаш да сопрам.