Пресоздавање – Одри Лорд
При спојувањето
полесно се работи
откако нашите тела
ќе се сретнат
на пенкалото и хартијата
ниту им е гајле ниту имаат корист
од тоа дали пишуваме или не
но додека твоето тело се движи
под моите дланки
наелектризирано и во исчекување
го сечеме ланецот
ти ме создаваш наспроти твоите бедра
ридести од слики
во движење низ нашите зборовни земји
моето тело
ја испишува во твоето месо
песната
низ која ме спознаваш.
Те допирам и ме пресретнува полноќ
додека месечеви огнови ми се вгнездуваат в грло
те љубам месо в цут
те создадов
и создадено те земам
во мене.
Препев: Д.Л.