Aкционизмот „Без омраза и без граници“ – повикува на распознавање на феноменот на омразата, како една реалност на денешнината. Една од вредностите на светлината како метафора („Осветли го градот преку тебе“, слоганот на Темишвар 2023), се однесува и на енергијата и креативната сила испратена од овој годинешен европски град на културата кон сиот свет, во овој случај со надеж за анулирање на омразата и со надеж за една ренесанса, преку хуманост и култура.
Во темишварската населба „Калеа Шагулуи“, токму на улицата „Александру Мачедонски“, пристигнува реинкарнираниот романски поет Александру Мачедонски (1866-1920), татко на романскиот симболизам кој, на повеќе јазици (романски, македонски, руски, украински, англиски, бугарски, грчки, албански, унгарски итн.), чита една од неговите песни „Омраза“ но, и „Мојот рондел“ каде се извинува за чувствата за силната омраза која ја чувствувал порано. Рецитира, на присутните жители и минувачи им ги поделува спомнатите поезии и, со нив споделува лични искуства и мислења за омразата воопшто. Во улога на Мачедонски се појавува Јане Теохаревски, историчар на уметноста, автор на проектот. Настанот ќе се одржи кон крајот на месец мај, а е спонзориран од Фондацијата Заев и Стопанската и индустриска комора на Прахова, Романија.