Кога некоја личност (или нешто) ја нарекуваме „мисионер“ тоа значи дека таа личност е пратена на мисија. Но, во нашиов случај има само една мисија – задоволство, а не нѐ интересира баш кој нѐ праќа таму.
Сексуалната положба „мисионерска“ подразбира дека мажот е на коленици, додека жената лежи на грб, а нејзините нозе се… таму кај што ѝ е удобно. Понатаму знаете отприлика што се случува.
Еден научен труд (да, научен труд за мисионерската положба) вели дека нејзиното име потекнува од средновековните христијански мисионери и нивното чудење кон „животинските“ начини на изведување на репродуктивниот чин кај народите кои ги колонизирале. Еден друг текст вели дека тие самите не ја практикувале таа положба, но инсистирале колонизираните народи да ја практикуваат. Нешто поврзано со нејзината „лице в лице“ природа…
Од Straight Dope пак, тврдат дека оваа положба своето име го добила во 60тите години на 20тиот век ѝ служела за потсмев со токму овие мисионери. Наводно, затоа што е досадна „како што се они“.
Според нашето истражување (на други текстови), многу луѓе ја сакаат оваа „ванила“ положба баш поради тоа што имаат контакт со очи и затоа што е предвидлива, безбедна и сигурен начин да се дојде до климакс.
Никој не е сигурен зошто баш се вика мисионерска, но по долгата спирала во интернет светот на сексуалните навики на луѓето, колонизирачките навики на религиозните групи и ставовите на луѓето кои не дискриминираат меѓу начините на постигнување задоволство, дојдовме до следниот заклучок:
Како и сѐ друго што има вкус на „ванила“ – можеме или да уживаме во едноставниот, но прекрасен вкус, или да го „зачиниме“ со други, покомплексни додатоци. Додатоци. Сфаќате?