PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

ЖЕНИ ЗАД ПУЛТОТ: отворен повик за диџејска работилница

PopUp by PopUp
август 17, 2023
in Креативни градови, Музика
0
ЖЕНИ ЗАД ПУЛТОТ: отворен повик за диџејска работилница
403
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Анкетите кои се спроведуваат почнувајќи од 2012 година, во рамки на континуираниот проект The female:pressure FACTS ја покажуваат родовата распределеност на артисти кои настапуваат на музичките електро фестивали низ целиот свет. Од запрепастувачки ниската бројка од 9% во 2012, денес учеството на жените артистки и диџејки на овие фестивали во светот е покачено на скоро 27%. Учеството на жените и небинарните луѓе на музичката сцена на глобално ниво e навистина ниска во однос на нивните машки колеги. Состојбата во С. Македонија не отстапува од светските трендови, па затоа Здружението за промоција на женската активност Тиииит! Инк. ги охрабрува сите девојки, жени и не-бинарни луѓе кои се заинтересирани да ги развијат своите диџејски вештини да се пријават на работилница за диџејство којашто ја организираме во рамки на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО.

На оваа неформална школа, преку менторски процес од искусните диџеи Бојан Јанев a.k.a SoulCase и Дијана Димитриевска a.k.a DIAH ќе ви дадат увид во историја на диџејството, вовед во типови на опрема, поврзување и работа со грамофони и cdj-и, што да набавите, како да сортирате музика, како да миксате, да поставите диџеј сет и најважно – како да настапите со самостоен диџеј сет.

Работилницата почнува на 11 септември и трае еден месец (до 9 октомври). Повикот е отворен за девојки, жени и не-бинарни луѓе над 18 години. Местото за одржување на предавањата ќе биде соопштено со финално избраните кандидатки. Бројот на учеснички е ограничен (!) на 10 учеснички. Агендата можете да ја погледнете на следниот линк.

Пријави се до 3 септември!

Ги охрабруваме оние кои се заинтересирани да ги совладаат знаењата и вештините и кои имаат замисла да бидат величествени жени зад пултот, да го пополнат ОВОЈ ФОРМУЛАР.

По завршувањето на работилницата, одиме на журка!

#ППЖ11 е поддржан од: Embassy of Sweden in Skopje, The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund, Sigrid Rausing Trust и Министерство за култура на Република Северна Македонија.

БИО:

Diah е алијас позади кој стои Дијана Димитриевска, диџејка која веќе десет години е дел од клубската сцена. Нејзините сетови се динамична сеанса, од dark groovy bass-heavy дo хипнотично техно, acid, и electro. Во нејзината кариера го има делено dj пултот со бројни локални но и интернационално реномирани артисти меѓу кои UVB, Dr.Rubinstein, Anethа, Claro Intelecto, Ellen Allien, Alexander Robotnick, Amelie Lens, Anne, Justine Perry. Diah е дел од колективите Vehemenche и Mousai.

nthng · 𝖇𝖆𝖙𝖙𝖑𝖊 𝖍𝖞𝖒𝖓

 

Соул Кејс е алијасот на Бојан Јанев, диџеј, дигер и промотер од Скопје. Човекот позади проектите “Oubli” и “Amok Radio” е веќе повеќе од стандарден во регионов, држејќи резиденции во сите позначајни клубови во Скопје. Тој не е останат незабележан ни надвор од границите на земјата – броејќи настапи во Јапонија, Јужна Кореја, Германија, Италија, Словенија, Србија, Црна Гора и други земји ширум светот. До сега, тој има гостувано и на платформи и радија како HÖR (Берлин), Worldwide FM (Лондон), Fauve Radio (Хонг Конг) и многу други, а покрај тоа што беше најслушаната емисија, на неговата „Monthly Operation“ на Амок Радио гостуваа и многубројни дигери, пријатели и истомисленици од целиот свет.

Преземено од Tiiiit! Inc.

Previous Post

„Obscure“ – нов музички колектив на локалната сцена!

Next Post

Влад Петри: Дали револуцијата ги јаде своите деца?

Next Post
Влад Петри: Дали револуцијата ги јаде своите деца?

Влад Петри: Дали револуцијата ги јаде своите деца?

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum