PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Запознајте ги „Red18“ и слушнете ја нивната прва авторска песна „Kingdom of Lies“

Red18 е нов бенд на македонската музичка сцена, кој денес ја издаде својата прва песна и анимиран спот.

PopUp by PopUp
септември 19, 2022
in Музика, Uncategorized
0
Запознајте ги „Red18“ и слушнете ја нивната прва авторска песна „Kingdom of Lies“
452
СПОДЕЛУВАЊА
2.7k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Честитки за вашето прво издание! Раскажете ни ја приказната за вашиот бенд. Која е идејата што ве обединува? Кои се вашите влијанија?

– „Red18“ е бенд формиран во септември 2021 година. На почетокот немавме планови за авторска музика, само сакавме да свириме заедно и со тоа направивме само еден концерт односно трибјут на бендот „Paramore“ на „Underfest Festival 2021“. Искрено се изненадивме од реакцијата на публиката, концертот помина одлично и покрај скептицизмот дали бендот „Paramore“ ќе привлече доволно интерес кај нас, но многубројната публика и енергијата во „Јавна соба“ таа вечер, го одговорија тоа прашање. Идејата на бендот е едноставна – го формиравме бендот за да свириме заедно и да креираме музика без да се етикетираме со каков било жанр, едноставно да создаваме музика без да имаме какви било ограничувања. Сите во бендот имаме различно влијание и различен вкус за музика.

Кажете ни повеќе за вашетo прво издание, песната и анимираниот спот за „Kingdom of Lies“.

– Нашето прво издание со наслов „Kingdom of Lies“ е првиот сингл од нашиот прв албум „Red18’s Grit“, кој ќе биде целосно објавен на 18 ноември. Продуцент на целиот албум е Дени Крстев, додека сè освен тапаните е снимено во студиото на нашиот гитарист Јован Чифлигароски (J&J Studio). Видеозаписот е изработен од RatSeize, а омотот за песната го изработи Дамјан Шокев. Темата и пораката на песната се едноставни и ќе ви бидат јасни откако ќе ја ислушате.

Што можеме следно да очекуваме од вас? Кои се вашите соништа за иднината на Red18?

– Како што веќе напоменавме, нашиот прв албум е целосно готов. Се состои од 7 песни, од кои 3 сингл песни (една со анимиран спот и две песни со снимени спотови). Официјален датум на објавување на албумот е 18 ноември годинава. Секоја песна на албумот испадна различен жанр и различна тема, баш како што планиравме, на што сме особено горди. Планот за иднината на „Red18“ е во јануари/февруари да издадеме EP што ќе се состои од 3 песни на македонски јазик, а потоа следното лето и втор албум на кој веќе почнавме да работиме.

Како би можела публиката на PopUp да ве поддржи?

– Секој може да нè поддржи со тоа што би го слушал и би му дал шанса на нашиот албум во целост на која било музичка платформа, би се претплатил на нашиот Јутјуб-канал (Red18), би го заследил нашиот Инстаграм-профил (red.18) и би ја лајкнал нашата ФБ-страница (Red18), и секако би дошол на некој од нашите свирки/концерти или настапи на фестивали во иднина. Би биле бескрајно благодарни.

Автор: Клелија Живковиќ

Фотографија: Tongue photography

Илустрации: Ива Ѓорѓиевска

Previous Post

Хајка: Филозофијата ни е да бидеме брзи, гласни и бесни

Next Post

„Крај Вардарот Џез“: Континуирана поддршка на динамичната џез-сцена

Next Post
„Крај Вардарот Џез“: Континуирана поддршка на динамичната џез-сцена

„Крај Вардарот Џез“: Континуирана поддршка на динамичната џез-сцена

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum