Се чини дека цело Скопје беше вчера во МКЦ, сите размрдани и возбудени да ја видат богатата програма која оваа институција ја подготви за да го прослави својот 50ти (!!!) роденден. Да цитираме еден од посетителите на вчерашниот роденден „јас секој ден се возам во 24ка, ова е ПРАЗНО за мене!“
МКЦ и програмата која неговиот тим ја креира, постојано нѐ потсеќа дека публика и создавачи на културата сме сите, а нашиот град е нај жив во моментите кога токму тоа го правиме заедно.
Во продолжение ви пренесуваме многу мал дел од енергијата и содржината од роденденската прослава.
Среќен роденден МКЦ, почнуваме да се спремаме за стотиот роденден!