Кога започна војната во Украина на 24 февруари, живата електронска сцена се смени засекогаш. Преку ноќ, музичарите, промотерите, продуцентите, сопствениците на клубови итн, станаа војници, бегалци или волонтери. Подиумите наеднаш станаа простории за итна медицинска обука, фабрики за оружје, центри за координација на волонтери и слично. Овој филм, во продукција на Resident Advisor, ни покажува шест различни перспективи од кои пробува да ја издвои вистинската цена на војната.