PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Мразам burpees, ама сакам да се чувствувам добро

PopUp by PopUp
јуни 19, 2023
in Спорт
0
Мразам burpees, ама сакам да се чувствувам добро

Photo of a slim female lifting dumbbells doing bicep curls over black background.

425
СПОДЕЛУВАЊА
2.5k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Иако во мојот живот веќе долго време постои некоја форма на физичка активност, воопшто не сум од оние луѓе што се идентификуваат како „активни“ или „спортисти“. Всушност, за мене физичката активност е нешто што го правам за да чувствувам телесно задоволство и бидејќи знам дека е добро за моето здравје, но не се натпреварувам со себеси или со другите во групата. Досега моите физички активности вклучуваа танц и групни тренинзи што се фокусирани на флексибилност и истегнување, а од пред неколку месеци почнав да одам на функционални тренинзи, кои се многу поинтензивни и чиј фокус е целосно активирање на телото, вклучувајќи и кардио a.k.a мојот Еверест.

Во изминативе неколку години сфатив дека за мене воопшто не функционира пристапот со екстремни промени: од утре почнувам да вежбам, целосно се посветувам, менувам начин на исхрана итн., бидејќи во тој случај загарантирано губам мотивација и се враќам на старите навики додека да кажеш „помфрит“. Затоа овој пат, наместо да се фиксирам на загубените килограми и на промените во изгледот, едноставно размислувам колку убаво се чувствувам по тренингот, или колку ми е лесно телото кога сум сита без да паднам во carb coma.

Како таква, еве ги моите мисли во врска со тренинзите и со целата култура (со шмек на култ) што се создава околу тоа.

Не сакам да „внимавам на исхраната“.

Мојата лична историја со „внимавањето“ на исхраната е прилично оптоварена со културата на диетарење. „Внимавам на исхраната“ за да слабеам, за да изгледам подобро или за да се казнам што до тогаш сум си дозволила „да дојдам до овој степен“.

Прво, кој зборува вака? Повеќе не сакам да се чувствувам така. Иако зборот „внимавање“ сам по себе нема никакво штетно значење, во овој контекст за мене тоа значи дека „премногу сум си дозволила, премногу сум се опуштила итн.“. Дефинитивно не можам да споделам некаква универзална мудрост на оваа тема, но еве што се случува со мене сега: се трудам да бидам свесна за тоа што консумирам, но уште повеќе се трудам да проценам зошто го јадам тоа. Второ, најчесто кога не можам да престанам да мислам на чипс или торта, потребно ми е нешто комплетно друго: да се налутам некому, добро да се исплачам, да направам нешто што ме прави среќна, или можеби да побарам некој да ме гушне се само дел од тие потреби кои сум ги забележала.

Ме води желбата да се чувствувам добро.

Што значи да се чувствуваш добро? Да не се срамиш од сопствениот изглед? Да бидеш доволно „во форма“ за „да ти личи“ да уживаш во сопственото тело? Да изгледаш како да си здрава, „бидејќи здравите луѓе изгледаат на еден начин и никако поинаку“? Секогаш кога се обидувам да се грижам за себе мотивирана од овие прашања, не само што не успевам, туку проблемот само се влошува и се продлабочува. Да се чувствувам добро за мене подразбира да уживам во моето тело и во сѐ што тоа може да направи, наместо да правам сѐ и сешто за да создадам тело во кое „смеам“ да се чувствувам добро. А за срамот се оди на психотерапија, не во сала.

Сакам да направам долгорочна промена во мојот mindset, а не да видам брзи резултати.

Со оглед на тоа дека кога почнав да тренирам, не бев во некоја завидна фитнес состојба, почнав дури и по неколку тренинзи да гледам промени во моето тело. На пример, се чувствувам олеснето и физички и психички. Откако ќе заврши тренингот, чувствувам многу телесно задоволство и смирен ум, а се разбира и чувствувам затегнати мускули и зголемена телесна сила. Иако ова многу ме мотивира, навистина се трудам да не се фиксирам на видливите резултати (wow, сум имала бицепс!) како најважни и да бидам свесна за тоа што чувствувам и што му е потребно на моето тело. Исто така, се трудам да не се опседнувам со пропуштањето тренинзи. Да, исклучително ми е важно да се мотивирам да вежбам и во денови кога мислам дека тоа е лоша идеја (никогаш досега не била), но исто така е важно и да си го слушам телото: некогаш ми се спие, некогаш имам болки, а некогаш едноставно не ми е денот, па одам на тренинг и вежбам со намален интензитет.

Редовност во тренинзи бара вистинска временска промена и посветеност.

Често слушам како луѓето велат „ако сакаш, ќе најдеш време“, но моето искуство не е такво. Јас одам на тренинзи во 7 часот наутро бидејќи попладневниот период од денот ми е веќе преполн со обврски, а и затоа што сакам да станувам рано. На почеток мислев дека тоа ќе направи мала разлика во мојот дневен распоред, но по неколку месеци сфаќам дека не е само станување еден час порано од вообичаено, туку подразбира и огромна промена во енергијата и во другите потреби. Да, во многу ситуации се чувствувам многу поенергично. На пример, повеќе идејата да планинарам не ме плаши, туку ми делува како нешто изводливо, а дури можеби и забавно. Но, исто така, ми се приспива во 21ч. А сонот после ден за тренинг е посладок од било кој коктел. Ок, не од било кој, ама дефинитивно е супер.

Затоа би ја преформулирала оваа реченица „за да најдеш време, мораш вистински да го сакаш тоа“, бидејќи дури и тогаш ќе ти биде тешко понекогаш. Затоа е неопходно да најдеш причина за физичка активност која вистински те мотивира и те прави среќна, а мислам дека срамот од физичкиот изглед или казнување за животниот стил никогаш не е одржлива мотивација. Тоа е како некој да очекува да сакаш да одиш во училиште, иако секогаш кога ќе влезеш во училница те удираат со стап.

Може да олабавиме со burpees?

Верувам дека се „добра вежба“, ама зошто мора да правиме 50 burpees? ЗА ЗАГРЕВАЊЕ?

***********

Една од најважните лекции што ги научив во мојот живот е да наоѓам задоволство во физичката активност и во вложувањето труд во неа. Јас лично ова го научив преку танц и сега одново го откривам преку функционални тренинзи, но со оглед на бројот на луѓе што одат на фитнес и фитнес-ориентирани активности, верувам дека секој може да го најде својот начин да ужива во своето тело.

Клелија Живковиќ 

Previous Post

Txjo feat. REMi – “Mistakes”

Next Post

Украина: Ноќниот живот како отпор

Next Post
Украина: Ноќниот живот како отпор

Украина: Ноќниот живот како отпор

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum