За оваа книга, исландската авторка Бриндис Бјоргвинсдотир ги има добиено највисоките книжевни признанија во Исланд, вклучувајќи ја и престижната „Исландска книжевна награда“ за 2015 година, како и „Исландската награда за најдобра книга напишана од жена“, наградата „Фјору“ во категоријата книги за деца и наградата за најдобра детска книга доделена од Советот на училишта во Рејкјавик.
„’Локална шега“ е одлично смислен роман. На почетокот имате впечаток дека тоа е само смешна приказна, но потоа авторката на брилијантен начин внесува различни видови драма во заплетот. Одлично напишана, смешна, возбудлива книга во која ќе уживаат и младите и возрасните читатели.“ („Фретабладид“)
Бриндис Бјоргвинсдотир (1982) е исландска писателка и фолклористка. Работи како вонредна професорка на Исландската академија за уметности и е активно посветена на создавање литература за млади читатели.
Книгата е издадена од „Артконект“ во рамки на проектот „Пораки на надеж: инспиративна европска литература“ со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.
Преводот од исландски јазик е на Мери Кицовска.