PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Со љубов, Амок радио

Радиото што во екот на пандемијата го оживеа СФ-паркот во Скопје, ги затвора своите врати по речиси две години постоење.

PopUp by PopUp
октомври 3, 2022
in Музика
0
Со љубов, Амок радио
456
СПОДЕЛУВАЊА
2.7k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

„Со огромна тага ве известуваме дека Амок радио ги затвора своите врати и последното емитување ќе биде в сабота, 8 октомври 2022. Мораме да ги преиспитаме нашите планови за иднината, визии, цели и начини на финансирање“, пишува тимот на Амок радио, во обраќањето до своите слушатели и поддржувачи.

Амок радио почна со работа во јануари 2021 година, предводено од желбата за грижа за својата заедница и локалната сцена. Како некомерцијална музичка платформа, Амок радио е безбеден простор за домашни и меѓународни изведувачи, диџеи и таленти во зародиш што сакаат да ја споделат својата работа со публиката, да соработуваат и да се надополнуваат едни со други. Во дигиталниот простор Амок ни претстави разноликост од личности, музички правци и содржини, а во физичкиот простор ни ги пружи „Wax Revival Store“, единствената физичка продавница за плочи од областа на денс-музиката во Скопје, и Амок бар.

Оваа екипа млади ентузијасти ни покажа дека дури и во еден од најтешките периоди постојат можности за формирање заедница и консумирање културни содржини, сè додека постојат идеи и индивидуи што се спремни да вложат труд во нивната реализација. Впрочем, културната сфера опстанува поради вакви иницијативи, индивидуи и идеи.

По речиси две години активна поддршка и воздигнување на локалната и на регионалната денс-сцена што значително го збогати нашето секојдневие, тие велат дека е време да продолжат понатаму. „Ништо од она што го постигнавме досега не би било возможно без поддршката од нашите слушатели, резиденти и гости, кои се дел од нашето семејство, за што сме бескрајно благодарни“, вели тимот, најавувајќи дека ова не е крајот и тие продолжуваат да работат на нови проекти. Во меѓувреме, ја канат својата заедница да го прослави она што досега заедно го создадоа.

Автор: Клелија Живковиќ

Фотографии: Александра Костадиновска

Previous Post

Мистериозниот електро – поп бенд „Nipplepeople“ со сценски настап во Скопје

Next Post

Тренчева Слободанка – Боте: Со работа, а помалку корупција, до повеќе култура и заштита на јавниот интерес

Next Post
Тренчева Слободанка – Боте: Со работа, а помалку корупција, до повеќе култура и заштита на јавниот интерес

Тренчева Слободанка - Боте: Со работа, а помалку корупција, до повеќе култура и заштита на јавниот интерес

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum