PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

ПОРТО МОРТО: Македонија нè асоцира на луѓе отворени за музика

PopUp by PopUp
август 23, 2022
in humans
0
ПОРТО МОРТО: Македонија нè асоцира на луѓе отворени за музика
401
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Временската дистанца од објавувањето на вашиот албум Portopop е доволна за веќе да имате некакви првични впечатоци за реакциите на критиката и публиката. Каква е неговата досегашна рецепција?

Албумот и неговата приказна растат и се трансформираат на секој наш настап. Вистинскиот фидбек од луѓето го добиваме баш на овие настапи и во комуникацијата со луѓето пред и после концертите. Нема поголема среќа за нас од онаа што ја чувствуваме во моментите кога сме дошле во некој град и таму сме внеле некаква возбуда, со себе сме оставиле едно инспиративно искуство. Многу сме задоволни од приемот на албумот бидејќи чувствуваме дека токму тоа се случува.

 

 

Целата креативна, па и музичката индустрија помина и сè yште поминува низ еден предизвикувачки период и процес што бараше многу откажувања и пропуштени прилики. Како вие се справивте со тоа? Мислите ли дека музичката сцена ќе заздрави наскоро?

Имаше тежок период, без концерти бендот не е бенд. За нас, идејата мора да се комуницира, а енергијата да се пласира во живо. Ни изгледа наивно, но сакаме да веруваме дека периодот на неизвесност е зад нас и концертите ги сфаќаме со некоја нова благодарност. Исто така, тој присилен период на пауза од концерти ни отвори време за работа во студио, што ја искористивме максимално работејќи на албумот Portopop.

Што кажува жанровската разноликост на песните од последниот албум Portopop? Дека уште се барате или дека сте толку зрели што сте спремни и да ризикувате со својот звук? Еден вид креативна љубопитност, можеби? 

Баш тоа. При работата на секоја песна влегувавме како во креативен предизвик, а жанровската разноликост ни доаѓа многу природно, и сфативме дека не мора да се одлучиме за еден зук. Престанавме да се оптоваруваме со „она што треба“. Poptopop некогаш суптилно, некогаш директно го поставува прашањето што е тоа жанр, воопшто ? Дали е тоа нешто што ни помага и ослободува? Или пак, денеска кога сите музички жанрови се испомешаа, жанрот е само уште една крајна класификација и обид за дефинирање кој прави повеќе штета, отколку корист?

 

 

Како се подготвувате за еден концерт, што ви е клучно во осмислувањето на настапот?

Обично, откако ќе го објавиме албумот, тргнуваат секојдневните целодневни проби кои траат сè додека не го обликуваме концертот. А после тоа, сите последователни концерти се варијација на она што ќе го поставиме во тој процес. Така што, кога доаѓаме на сцена и откако ќе ја направиме тонската проба и ќе добиеме чувство за просторот во кој свириме, тогаш го правиме распоредот на песните и влегуваме во заедничко расположение. Минута пред да се појавиме на сцена, се собираме, ја правиме нашата Poprto group hug, и даваме сè од себе уверливо да ја споделиме енергијата со публиката.

 

На што ве асоцираат Скопје и Македонија?

На луѓе отворени за музика, надреална архитектура и најдобра храна на светот.

 

 

Со што ќе ја изненадите македонската публика на претстојниот фестивал ЗДРАВО МЛАДИ?

Ако кажеме сега, нема да биде изненадување. Она што со сигурност можеме да го кажеме е дека едвај чекаме да свириме во Скопје, тоа е посебно место за нас и ве повикуваме сите да не го пропуштите фестивалот ЗДРАВО МЛАДИ. Дојдете на Порто Морто, да ве размрдаме и разиграме на отворено. Се гледаме.

 

Автор: Драган А.

фотографии: ЗДРАВО МЛАДИ / МКЦ

Previous Post

Сержио Трифо на МакеДокс: Земјата од моите соништа е уништена

Next Post

Бенд „Зулу 3.4“: Музиката е хемијата што нѐ поврзува

Next Post
Бенд „Зулу 3.4“: Музиката е хемијата што нѐ поврзува

Бенд „Зулу 3.4“: Музиката е хемијата што нѐ поврзува

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum