Почнува единаесеттото издание на фестивалот кој ја промовира феминистичката култура „Прво па женско“ во организација Тиииит! Инк.
Водени од зборовите на Одри Лорд, оваа година ПРВО ПА ЖЕНСКО се води од идејата дека: „Индината на Земјата веројатно зависи од вештината на жените да идентификуваат и развијат нови дефиниции за моќта и нови начини за поврзување преку различностите.“
Програмата на единаесеттото издание на ПРВО ПА ЖЕНСКО го слави интерсекцискиот феминизам и има за цел да поттикне нови можни дефиниции за поправеден свет зашто старите дефиниции веќе не ни служат.
Прво па женско 11 почнува на 13.05. со перформансот „Extima: Плодна почва“ на Оља Грубиќ, а интердисциплинарната програма на Фестивалот која вклучува изложби, промоции, концерти, филмски проекции, перформанси и ќе трае до крајот на годината.
Погледнете го видеото од минатогодишното издание на фестивалот Прво па женско на линкот подолу.
Прво па женско е поддржано од Embassy of Sweden in Skopje, The Kvinna till Kvinna Foundation, Sigrid Rausing Trust, Equality Fund и Министерство за култура.