PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

House of Ita: Малите варијации и малите несовршености на секое парче се знак за нивниот единствен квалитет

PopUp by PopUp
мај 6, 2023
in Уметност
0
House of Ita: Малите варијации и малите несовршености на секое парче се знак за нивниот единствен квалитет

House of Ita во Casa Cornelia

405
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Маргарита Алексиевска Склави – ИТА под името „House of Ita“ е мултимедијален  уметник со потекло од Северна Македонија. По одреден период поминат во САД и Англија, целосно се преселува во Рим, каде што создава рачно насликани таписерии, украсени ткаенини во ограничени изданија и колекционерски парчиња мебел.

По повод  „Недела на дизајн“ во Милано 2023 година, House of Ita учествуваше во проектот организиран од Марија Виторија Паџини, која ги отвори вратите на нејзината „Casa Ornella“, галерија particulier, сместена во срцето на историскиот Чинкве Вие кварт во Милано.

Она што ја издвојува работата на Маргарита е умерената контаминација на традиционалните и современите елементи во играта на обединување и контрасти. Нејзината работа е калибрација на медиуми, техники, стратификации користејќи материјали кои веќе имааат историја: накит и женска традиционална облека од различни регии на Северна Македонија.

„House of Ita“ сака да даде живот на деликатната мистериозна иконографија, проникната од чувство на надреалност и изненадување, кое намигнува на суреализмот и открива влијанија кои се движат од наивна уметност до магичен реализам, од руски конструктивизам до орнаментализам и митологија. Нејзините креации ги чуваат нејзините македонски корени и мултикултурно потекло и се дизајнерски амалгам роден од средбата меѓу Истокот и Западот.

Малите варијации и малите несовршености на секое парче се знак за нивниот уникатен квалитет. Уметничката продукција вкрстува повеќе нивоа и прикажува сложен и високо изразен јазик. Еклектичен стил, за кој придонесува дуалистичката природа на нејзиниот пат: кон уметничката вокација, покрај кариерата на психијатар, убедена дека и двете активности се многу моќно средство за раскажување на индивидуални и колективни искуства. Секоја колекција потпишана од „House of Ita“ е визуелна поема, нарација и одраз на имагинарниот свет на уметникот.

Нејзиините дела се веќе објавени во ELLE DECOR Italia, DOMUS, INTERNI, AD Italia, LAMPOON, Objest International… итн. До сега три пати учествувала на саемот за иновативен дизајн Едит Наполи, каде била избрана меѓу најдобрите тројца уметници. Имала продажни изложби во Contemporary Claster, Appartamento и Palazzo Brancaccio во Рим, а минатата недела учествуваше на престижната Недела на дизајн во Милано, како дел од Casa Ornella, куќа на дизајн, која беше публикувана во преку 20 најпрестижни магазини за уметност и дизајн, насловна страна на Marie Claire Maison, и избрана меѓу најдобрите изложби од Artribune и од страна на ценетата италијанска кураторка и мецена Валентина Гуиди Отобри и многу други.

Previous Post

Почнува единаесеттото издание на фестивалот „Прво па женско“

Next Post

Новиот филм на Јоргос Лантимос доаѓа во септември 2023

Next Post
Новиот филм на Јоргос Лантимос доаѓа во септември 2023

Новиот филм на Јоргос Лантимос доаѓа во септември 2023

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum