Тимот на OVC Колектив ја доби честа да ја затвори оваа клупска сезона во клубот „Минус еден“, со нивен рејв кој ќе се одржи на 02.06 со почеток во 00:00 часот. Екипата на диџеи кои ќе ја предводат атмосферата ќе бидат DJ Petkov и Markwon, регуларни на настаните на OVC и познати по нивниот немилосрден и алтернативен стил. На нив ќе им се придружи Kikec, нов DJ на скопската сцена, кој е дел од новоформираниот битолски колектив Techtonik.
Очекуваме незаборавна атмосфера и добра дружба! Влезниците чинат 250 денари .