PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

„Циклуси“ на Ана Јовановска во галерија „Пионери“

PopUp by PopUp
јуни 2, 2023
in Уметност
0
„Циклуси“ на Ана Јовановска во галерија „Пионери“
406
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Првите два викенди од Јуни се посветени на изложбата „Циклуси“ на Ана Јовановска.

Циклуси е долгорочен концепт-проект со серија на дела групирани по приказни чии конекции дозволуваат заедно и засебно читање. Сите употребени хартии се рачно правени со рециклирање на стари хартии користени за различни намени.

Овие рециклирани хартии се незаменлив дел од процесот, оформување и зацврстување на темата – циклуси. Во приказните на испечатените графики го пронаоѓаме цикличното, како прерод од една состојба на искористеност и непотребност во нов облик, нова намена, нов живот и ново будење на материјата, промовирајќи одржлива уметничка пракса и начин на живеење во иднината.

Хартиите од фискални сметки, патнички билети, домашни по математика, љубовни писма, стари цртежи, брзи скици, неуспешни графики… прикажуваат поинаква сегашност на површината која го одразува минатото помеѓу слоевите.

Изложбата ќе биде отворена на 3 Јуни во галерија Пионери, Теодосиј Гологанов 74а, од задната страна на зградата на Хомакс.

Во својата уметничка практика Ана Јовановска истражува и реобмислува наративи, приоѓајќи им преку симболите и структурата на јазикот во кој се наоѓаат.

Ана живее во Токио и работи како истражувач на University of the Arts на одделот по графика (специлизирајќи во мокуханга – Јапонски дрворез).  До сега има добиено повеќе од 20 награди изложувајќи на  12 самостојни и повеќе од 200 групни изложби низ светот.

Previous Post

Фудбалот e необјаснив феномен и непресушен извор на емоции

Next Post

OVC Колектив повторно организира незаборавен настан во „Минус еден“

Next Post
OVC Колектив повторно организира незаборавен настан во „Минус еден“

OVC Колектив повторно организира незаборавен настан во „Минус еден“

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum