PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Отворање на изложбата „Поинакви архитектонски доживувања“

Галеријата „Пионери“ ја најававува изложбата на младата архитектка и уметница Тијана Стојковска. 

PopUp by PopUp
март 30, 2023
in Уметност
0
Отворање на изложбата „Поинакви архитектонски доживувања“
407
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Тијана себе си се опишува како „млад архитект со неколкугодишно искуство, креативец во слободно време и вљубеник во македонската архитектура, особено бруталистичката, родена во 97м (ако тоа е важно :))“. Нејзината изложба „Поинакви архитектонски доживувања“ ја сочинуваат дела кои се последица од откривање на врската меѓу имагинативниот свет во нас и реалната перцепција за светот околу нас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тијана Стојковска (@ti.ja.ana)

Македонската архитектура од 20-тиот век е сеприсутната тема во сите дела,  а реимагинацијата на нејзиниот контекст e главен начин за создавање нови нереални архитектонски светови. Богатиот опус на архитектонски дела од наши архитекти е неиспцрпен извор за нови креативни визии во дигиталната уметност кои поттикнуваат  поинакви доживувања на веќе добро познати простори. Со оттргнување на архитектурата од околниот контекст, таа се оддалечува од негативните конотации со кои е поврзана со оглед на тоа дека архитектурата е естетска и функционална експресија на својата околина, период и општество.  Во делата се визуелизирани повеќе различни наративи и атмосфери преку поврзување на архитектурата со природата, со небото, со водата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тијана Стојковска (@ti.ja.ana)

Со одредени контексти се прикажува поинаква утописка средина, додека со други се потикнува размислувањето за не толку “романтична” средина и занемарениот проблем со глобалното затоплување кој се повеќе станува неизбежен дел од нашата вистинска реалност. Во делата,  архитектурата е претставена и низ надреален објектив,  како би се доживувала низ имагинативното око на децата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тијана Стојковска (@ti.ja.ana)

Архитектурата и просторите кои ги дефинира секогаш се доживуваат субјективно, во зависност од емоциите и чувствата на тој што ги доживува. Целта на изложбата е да создаде нова перспектива за необичноста на архитектурата од нашата “обична” стварност и да поттикне нови начини на доживување на истата.

Изложбата ќе биде отворена на 12-ти април (среда) во галеријата „Пионери“, а ќе трае во следните две недели.

Previous Post

Бојан Миовски: Сонувам да играм во англиската Премиер лига!

Next Post

Луфтанза ја завршуваат својата турнеја со интимен концерт во Котур!

Next Post
Луфтанза ја завршуваат својата турнеја со интимен концерт во Котур!

Луфтанза ја завршуваат својата турнеја со интимен концерт во Котур!

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum