Џеки Кенеди Оназис, Пол Њуман, Леди Дијана и фиктивните ликови Блер Валдорф и Чак Бас од серијата „Gossip girl“ (Озборувачка) се олицетворение на „old money“ естетиката. Всушност, помладата генерација е најзасегната од овој стил, ако ги следиме дискусиите околу сериите какви што се „Succession“ или „Gossip Girl“, која во 2021 година доживеа „revival“ со нова актерска екипа.
Неговата суштина е токму тоа – старо. „Old money“ е начин на облекување инспириран од стилот на облекување на најпознатите семејни династии од минатото, какви што се Кенеди, Гети и Вандербилти, наследници на генерациско богатство што се градело со децении. Трендот во својот фокус има квалитетни дизајнерски парчиња без лого и класичен крој.
Како во моментов TikTok го прикажува терминот „old money“:
Викенди поминати пловејќи по француската ривиера.
Летни ноќи со шампањ на Бахамите.
Божиќни празници на скијање на швајцарските Алпи.
Големи имоти со штала полна со чистокрвни коњи сместени на периферијата.
И, најважно, плакар преполн со најквалитетни постелнини, поло маици (Ралф Лорен) и дизајнерски чанти, чевли и очила за сонце.
Хаштагот #OldMoney има собранo повеќе од 2,5 милијарди прегледи на TikTok до денес, при што #OldMoneyAesthetic и #OldMoneyOutfits собраа 946 милиони и 222,5 милиони прегледи и вклучуваат кратки видеа за познати семејства, богатството на источниот наспроти западниот брег и, се разбира, како да се стилизира трендот за мажи и за жени.
Иако почетоците на трендот се засноваат на повеќедецениски традиции и семејства со неброени богатства, за стилизирање на естетиката на „old money“ не е потребно да имаш милиони, иако не би ти дошле лошо. Сега, „old money“ е естетски тренд наместо цел на животен стил.
Видеата со атрактивни млади луѓе, беспрекорно облечени и лежејќи се на прекрасни локации, станаа секојдневие на апликацијата.
Сега стилот доаѓа со нов „немам пари, но сакам да имам“ менталитет и парчиња облека што претставуваат база, односно се „must have“ и за момците и за девојките што сакаат да го совладаат трендот. За девојките тоа се сако, каубојски чизми и бело тениско здолниште, а за мажите тоа се мокасини, поло маички и чино (chino) панталони.
Симона Јованоска