„The Legend of Zelda: Tears of the Kingdom“ е осумнаесеттата игра во оваа франшиза, која првата игра „The Legend of Zelda“ ја објави во 1986 година. Играчот е во улога на Линк, млад човек од Хајлијан, кој ѝ асистира на принцезата Зелда, која е смртна реинкарнација на божицата Хајлија, во нејзините обиди да го спречи „лошиот“ Ганон во уништувањето на Хајрул.
Во 2019 година, PornHub објави годишен извештај во кој Зелда беше најпребаруваниот лик од видеоигри на нивната платформа, со легендарни 5.659.671 пребарувања, 138% повеќе од 2018 година.
Оваа година, најпребаруван бил ликот на Пура, додека принцезата Зелда е веднаш зад неа, под број 2. Еве ги единаесетте најпребарувани ликови:
- Purah
- Princess Zelda
- Paya
- Link
- Urbosa
- Ganondorf
- Mipha
- Great fairy
- Bokoblin
- Rito
- Impa
Правило #34: Ако нешто постои, го има и во порнографија.
Ова правило е една од оние работи што стануваат толку длабоко интегрирани во интернетот, што станува тешко да им го најдеш коренот. Сепак, ако си упорен, ќе успееш (го пишува на Википедија).
Авторот на ова правило е Питер Морли-Саутер, кој го создал за да се справи со шокот што го доживеал кога видел порнографија со Келвин и Хобс. За жал, или за среќа, ова правило се покажало како точно.