Ема Стоун воскреснува од мртвите. Буквално.
Во „Poor Things“, најновиот филм на режисерот на „The Favourite“ и „Lobster“, Ема Стоун ја игра улогата на Бела Бакстер, млада жена која неверојатниот и неконвенционален Др. Годвин Бакстер (Вилем Дефо), ќе ја врати во живот. Нејзината желба за живот и глад за знаење ќе ја однесе на секакви авантури низ континентите, во придружба на заводничкиот и развратнички адвокат Данкан Ведербурн (Марк Рафало). Ослободена од предрасудите кои го обележуваат нејзиното време, таа е непоколебливо се впушта во борбата за еднаквост и слобода.
Стоун ја продлабочува својата врска со режисерот Лантимос во филмот „Poor Things“, во кој покрај актерската улога, се јавува и како продуцент. Филмот е базиран на романот на шкотскиот писател Аласдер Греј, во кој протагонистката се дави со цел да се спаси од нејзиниот насилен брак, но воскреснува со мозокот на нејзиното неродено дете.
Премиерата на „Poor Things“ ќе биде на 8 септември 2023.