До скоро бил и во Србија. Или барем неодамна го објави видеото од таму. Со олед на тоа дека се движи криејќи се во карго возови, а не знаеме како поминува граници, Shiey на неговиот Јутјуб канал објавува исклучиво анонимни видеа од сите негови патувања.
Не знам од каде потекнува, како се вика или кој му е мајчин јазик, но супер збори англиски.
Кога ги гледам неговите видеа се буди некој тежок скептик во мене кој веднаш бара знаци дека е измама и дека слободата за која зборува е само бренд, а не вистинско доживување за неговото секојдневие… и баш пред да седнам да барам докази дека мојот скептик е во право и грешам што не му верувам почесто, сфаќам дека надвор е сончево и дека можеби ми треба само свеж воздух.
Без разлика дали е вистина или не, неговите видеа ми покажуваат мене кога и како не се чувствувам јас слободна. А кај и да е, можеби и ќе направам нешто во врска со тоа.
Клелија Живковиќ