Со доаѓањето на ноември пристигнува и највозбудливиот настан во месецот за мажите ,,Мовембер“ со традиционалното МО-БЕРБЕР ШОУ НА ФРИЗЕРИТЕ БЕРБЕРИ НА ГРАДОТ СКОПЈЕ во Скопје Сити Мол на 13.11 (недела) од 12 до 17 часот.
Секција на фризери Скопје и Скопје Сити Мол ве канат масовно да се вклучите во богатата програма за одбележување на месецот на машкото здравје со многу интересни и едукативни содржини.
На пиедестал ќе бидат претставени мајстори бербери од целата земја, кои ќе се погрижат за вашиот изглед да стане уште подоминантен со добро средени бркови и бради .
„Мовембер“ ги предизвикува најхрабрите да пуштаат брада и бркови, а потоа да “паднат” во рацете на најголемите занаетчии во берберската професија. На тројцата со најдобро обликувани бркови ќе им бидат доделени вредни награди.
И тоа не е сѐ! Неделната дружба е надополнета со моторџиска изложба, а веднаш потоа и драматичниот избор на најдолг мустаќ. Забавата ќе продолжи во Play Caffe.
Официјален партнер на настанот е Jack Daniel’s и Златен Даб.