PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

„Лето во кое те нема“ – театарска адаптација на првиот македонски квир роман

Пред полно гледалиште во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, на 21.9.2022 година премиерно се одигра претставата „Лето во кое те нема“, во продукција на Театар Куманово.

PopUp by PopUp
септември 25, 2022
in Уметност
1
470
СПОДЕЛУВАЊА
2.8k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Претставата во режија на Драгана Гунин е театарска адаптација на истоимениот роман на Петар Андоновски, кој годинава беше една од наградените книги од англиските ПЕН-награди. Романот се смета за првиот македонски квир роман и ја раскажува приказната за љубовта и за пријателството помеѓу Бојан, Иван и Владо.

– „Лето во кое те нема“ е прв роман на Петар што го адаптирам и го поставувам на сцена. Првин сакав да го работам „Страв од варвари“ и сè уште ми стои таа желба, за некогаш во иднина. Но, коцките се наместија така, па „Лето…“ си доби предност. Со авторот имавме лесна соработка и комуникација. Тој реши процесот на драматизација да ни го препушти мене и на Ева, ама беше тука за предлози и беше присутен низ целиот процес на создавање на претставата. Мислам дека уживаше на пробите – ни раскажа режисерката Драгана Гунин.

За актерската екипа што ја сочинуваат Марко Трајковиќ, Марко Богдановски, Ангела Стојановска и Игор Трајковски, режисерката вели: „Тоа е екипа за која сонува секој/а режисер/ка. Отворени, дисциплинирани и спремни за партнерска игра и за поинаков израз. Многу сум среќна и горда на целата екипа, од актери до сите соработници што беа вклучени во продукција на претставата. Мислам дека треба да се има посебен тим покрај себе за да се направи ваква претстава и многу сум им благодарна на сите за присуството и за работата.“

Драматизација ја направи Ева Камчевска, сценографијата е на Крсто Богојевски, дизајнот на костимографија на Ивана Цветковска, а авторка на музиката е Гала Насева. Дизајнот на постерот го осмисли Симона Гаштарова.

– Премиерата помина многу убаво и можам само да посакам сите наредни изведби да бидат приближно толку добро прифатени од публиката како таа вечер. Во план е претставата да се игра на повеќе места, а Скопје е едно од првите и едвај чекам да ја прошетаме – најавува Гунин.

По распродадената премиера, претставата повторно ќе се одигра в понеделник, на 26.9.2022 година, во 20 часот. Билетите се продаваат во кумановскиот Центар за култура.

Автор: Клелија Живковиќ

Фотографии: Иван Михајловиќ

Previous Post

„Зелената арка“: 15 години љубопитност, грижа и одговорност, кои водат во Бостание

Next Post

Анна Мазерант: На „МакеДокс“ најмногу ни се допадна неговата интимност

Next Post
Анна Мазерант: На „МакеДокс“ најмногу ни се допадна неговата интимност

Анна Мазерант: На „МакеДокс“ најмногу ни се допадна неговата интимност

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum