PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Ленег Шател: Фотографиите од патувањата се моето богатство

PopUp by PopUp
април 15, 2023
in Уметност, Интервјуа
0
Ленег Шател: Фотографиите од патувањата се моето богатство
403
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Ленег Шател го откривме преку интервјуто со Џастин Пери, во кое објавивме негови фотографии. Се замуабетивме во пораки на Инстаграм, па договоривме да објавиме и негово интервју заедно со неговите прекрасни фотографии.

Кажи ни нешто за себе. Од каде потекнуваш?

Се викам Ленег Шател, имам 25 години и сум фотограф. Роден сум во Бангкок, посвоен и израснат во Франција, во еден од најинспиративните региони – Нормандија. Потоа се преселив во Париз, а сега живеам во Германија. Долг беше патот до тука.

Како изгледаше твојот почеток во фотографијата?

Во 2017 година ја купив мојата прва камера и решив да патувам низ светот. Дефинитивно најдобрата инвестиција! Моите први фотографии беа фокусирани на патување, пејзажи и пријатели, а следната година веќе ја направив првата фотосесија, што веќе беше многу покреативно.

Кои се некои од твоите уметнички идоли?

Мојот прв идол беше Тео Госелин. Неговите фотографии ме инспирираа да станам фотограф и ми помагаа да сонувам. Потоа се свртев кон портрети, мода или кинематографски фотографии. Ако морам да одберам, во моментов би рекол дека ме инспирираат Хелмут Њутон и Николас Фолс. Сепак, многу други фотографи ми се плеткаат низ мислите: мојот пријател Меран Џојан, па дури и Питер Линдберг ми се меѓу омилените.

Што ти е омилено да работиш периодов?

Моите лични проекти, кога имам слобода да го правам тоа што сакам, да одам каде сакам, кога немам ограничувања и можам целосно да се изразам. Ја сакам комерцијалната работа, но понекогаш има многу ограничувања. Понекогаш работам и со пријателите, но тоа го чувствувам повеќе како забава отколку работа и среќен сум што е така.

Што посакуваш некој да ти кажел во твоите почетоци како фотограф?

Некои луѓе секогаш ќе ти се спротиставуваат, но никогаш не заборавај ги твоите соништа. Никогаш не се повлекувај и прави го тоа што го сакаш. Ако си среќен во тоа што го правиш, ќе бидеш задоволен и од себе.

Имаш ли омилена фотосесија што си ја направил?

Многу – долго време тоа беше сесијата со другарка ми Рита, која во 2019 година беше споделувана насекаде низ светот. Покрај тоа, фотографиите од патувањата ми се богатство. Се чувствувам како да сум ги направил вчера, а тоа беше пред многу години.

Кои се твоите најлуди соништа за твојата кариера и уметност?

Да работам глобално, да фотографирам луѓе насекаде низ светот. Едноставно, да патувам низ светот. Животот е прекраток, а светот преголем за да се остане на едно место. По некое време веројатно би сакал да се пренасочам во документарна фотографија. Би било неверојатно да можам да ги пренесам приказните од далечни и непознати места низ светот. Освен тоа, би сакал да отворам агенција што ќе ги следи, поддржува и ќе ги насочува младите уметници. Сѐ што знам јас го научив сам, но мислам дека ќе беше убаво да имаше луѓе што би ме следеле низ мојот развој.

Клелија Живковиќ

Previous Post

Анастасија Саздовска: Тежнеам кон тоа да не се одредувам и да не сум на сигурно тло

Next Post

Четвртото издание на Metal Discharge ќе биде на 10 јуни 🤘

Next Post
Четвртото издание на Metal Discharge ќе биде на 10 јуни 🤘

Четвртото издание на Metal Discharge ќе биде на 10 јуни 🤘

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum