PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Анастасија Саздовска: Тежнеам кон тоа да не се одредувам и да не сум на сигурно тло

PopUp by PopUp
април 14, 2023
in Уметност, Интервјуа
0
Анастасија Саздовска: Тежнеам кон тоа да не се одредувам и да не сум на сигурно тло
424
СПОДЕЛУВАЊА
2.5k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Што те инспирира и движи во твојот креативен израз?

Инспирацијата секогаш ми доаѓа од незнаењето или од невозможноста да се објасни одредено нешто (поим / концепт). Последниве неколку години особено интересна и фасцинантна ми е темата идентитет. Односно, слободата која што идентитетот ни ја скратува за да ни дозволи одредена сигурност. Но што значи сето тоа? Што значи да си? Дали воопшто можеме да го опишеме тоа што сме? Дали јазикот ни допушта толку комплексна терминологија како комплексноста на самиот човек? А што пак значи слободата? Дали воопшто постои слобода на некаков избор? И дали ако постоеше целосна слобода не ќе се соочевме повторно со некакво друго ограничување кое ќе биде предизвикано од други нешта, како на пример нашите (не)способности? Кои се границите до кои човекот може да стигне?

По ова може да се воочи дека темата навистина е неисцрпна. Штом ќе се одговри на едно прашање, се поставуваат уште десет други. И баш во тоа и се пронаоѓам, бидејќи мојата цел не е секогаш фокусирана на одговорот, туку на следното прашање. Тежнеам кон тоа да не се одредувам и да не сум на сигурно тло. Сметам дека извесноста те ограничува само на она што ти е пред очите, таа е видлива и јасна. Додека пак недефинираноста е онаа која ти отвара повеќе хоризонти.

Она што луѓето често го прават е придодавањето на дефиниции на поими кои не бараат да бидат дефинирани. На пример, на самите себе си, а тоа не допушта простор за било каков понатамошен прогрес.  Лутината што ми ја создаваат таквите човечки грешки ми е исто некаква мотивација, што ме предизвикува да пробам и да ја изобличам нивната чисто дефинирана форма.

Освен што ми служат како инспирација овие истражувања за човекот и за грешките и парадоксите во дефинициите, можам да воочам истите колку би биле фатални ако се применат во уметноста. Ако самиот уметник има спремна дефиниција за она што тој е или што е тоа што тој го креира без да се препушти себе си на процесот – тој самиот себе си си ја приредил сопствената смрт.

https://popup.mk/wp-content/uploads/2023/04/vid_707171222_145055_689.mp4
Previous Post

#БезОбјаснување: Матеа Грнчароска

Next Post

Ленег Шател: Фотографиите од патувањата се моето богатство

Next Post
Ленег Шател: Фотографиите од патувањата се моето богатство

Ленег Шател: Фотографиите од патувањата се моето богатство

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum