Metal Discharge е фестивал за промовирање на авторска метал музика и сите нејзини поджанрови. Започнат во 2011-та година, после 10 години пауза, ланската 2022-ра година се одржа третото издание кое беше најпосетеното во досегашното постоење. Повеќе од 600 посетители од сите градови на Р. Македонија заедно собрани уживаа во настапите на одличните бендови претставени на голема бина.

За нецели два месеци, оваа година ќе биде нашето четврто издание. За прв пат оваа година успеваме да потврдиме настап на едно од најзначајните имиња на балканската сцена од овој стил на музика – Violent Chapter од Белград – Србија. Датумот е 10-ти јуни.

Настапуваат:
Violent Chapter
Demency
Shock Troopers
Mamut
Conspiracy
Lucent


Локацијата традиционално е Ракометното Игралиште во Битола, со почеток во 18:00ч.
Ќе имаме можност да проследиме 6 афирмирани бендови, секој од нив уникатен на свој начин. Работиме на издигнување на сцената, поттикнување на музичарите и бендовите да творат авторска музика и гледаме на секој можен начин да им излеземе во пресрет. Спремајте се за шестчасовен Метал Маратон на 10-ти јуни во Битола.
Фотографии: Кети Талевска


